Дамјан Даласин (11 век) ― византиски благородник и војсководец, дукс на Скопје, назначен во 1072 година по избувнувањето на востанието на Ѓорѓи Војтех.
Животопис Се смета дека тој бил во сродство со Константин Даласин и дека потекнувале од угледно семејство од познатото село Даласин. Во 11 век нивното фамилијарно име се поврзува со темата Арменијака, но и Антиохија. Во изворите, нивното фамилијарно име се сретнува во времето на владеењето на Василиј II, кога во царската служба имало неколку членови на родот Даласин.
За време на востанието на Ѓорѓи Војтех, дукс на Скопје бил Никифор Карантин, кој бил сменет од страна на императорот Михаил VII Дука, поради неговата неспособност да го спречи истото. За нов дукс на Скопје, бил назначен Дамјан Даласин, кој откако се соединил со војската на Карантин, се однесувал потценувачки спрема него и другите стратези, навредувајќи ги дека биле „плашливци". Битката која се водела кај Присдијана (Призрен) била жестока. Визинтиските војски биле страшно поразени. Мнозина Византијци биле убиени, а не бил мал и бројот на заробениците, меѓу кои се наоѓал и самиот дукс Дамјан Даласин. Бил заробен и целиот византиски логор.
Поврзано
Ѓорѓи Војтех
Наводи
Надворешни врски
Неуспешен обид на Ѓорѓи Војтех за обнова на македонското царство
Категорија:Византијци од 11 век Категорија:Македонија во средниот век Категорија:Родени во непозната година Категорија:Починати во 998 година Категорија:Византиски управници на Антиохија