Андре Онана (роден на 4 април 1996 година, во Нкол Нгок) — камерунски фудбалер, на и на камерунската репрезентација.
Биографија Тој е братучед на Фабрис Ондоа, кој исто така е голман.
Клупска кариера Почетоци и Барселона Онана ги направил своите први фудбалски чекори во Камерун, во Академијата на Самјуел Ето, фудбалска школа на истоимениот фудбалер. Во 2010 година, тој дошол во , каде бил вклучен во нивниот младински сектор.
Ајакс
На 14 јануари 2015 година, Онана се договорил со за трансфер во овој холандски клуб, кој го приклучил во нивниот резервен тим, познат под името Јонг Ајакс; тој потпишал договор со Ајакс до 2018 година, а надоместот кој клубот го платил изнесувал 150.000 евра. Своето деби за Јонг Ајакс во Ерсте дивиси, Онана го имал веќе следниот месец.
За првиот тим дебитирал на 20 август 2016 година, во натпреварот од првенството против Вилем II. По продажбата на Јаспер Силесен во во летото 2016 година, тој станал прв голман на клубот. Во сезоната 2018-2019, тој бил протагонист во составот на Ајакс кој ги освоил првенството и националниот куп, и дал свој придонес за пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите. На почетокот на следната сезона, тој го освоил Суперкупот на Холандија, после победата над со 2-0.
Во сезоната 2020-2021, тој освоил уште една првенствена титула и уште еден куп, иако играл само до крајот на јануари. На 5 февруари 2021 година, всушност, тој бил суспендиран на една година од УЕФА затоа што бил позитивен на фуросемид, по еден анти-допинг тест извршен на 30 октомври 2020 година. Играчот се правдал дека несвесно ја земал забранетата супстанца земајќи лек што и бил препишан на неговата сопруга од здравствени причини. УЕФА ја признала неговата добра волја, но ја истакнала небрежноста направена со неуспехот да се утврдат можните ризици кои произлегуваат од земањето на лекот. На 10 јуни, КАС ја намалил суспензијата на Онана на девет месеци. По отслужувањето на казната, тој се вратил на терените на 24 ноември 2021 година во натпреварот од Лигата на шампионите против Бешикташ.
Интер На 1 јули 2022, Онана како слободен играч му се приклучил на Интер, потпишувајќи петгодишен договор.
Манчестер Јунајтед На 20 јули 2023, Онана потпишал петгодишен договор со , во трансфер вреден 52,5 милиони евра плус 5 милиони во бонуси.
Трабзонспор На 11 септември 2025 година, Онана се приклучил на турскиот клуб на позајмица до крајот на сезоната.
Репрезентативна кариера Тој го направил своето деби за сениорската репрезентација на 6 септември 2016 година, во пријателски натпревар против Габон.
Во 2017 година, тој учествувал на Купот на конфедерации 2017 во Русија, каде што Камерун бил елиминиран во групната фаза. Во меѓувреме, откако станал прв голман на Нескротливите лавови, во 2019 година бил повикан во репрезентацијата да учествува на Африканскиот куп на нации 2019 во Египет. Онана ги одиграл трите натпревари во групната фаза како и осминафиналната пресметка во која Камерун загубил со 3-2 од Нигерија и бил елиминиран од турнирот.
Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 15 декември 2021. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2014-2015 Јонг Ајакс 1Д 13 -23 - - - - - - - - - 13 -23 2015-2016 1Д 24 -41 - - - - - - - - - 24 -41 2016-2017 1Д 2 -2 - - - - - - - - - 2 -2Вкупно Јонг Ајакс 39 -66 - - - - - - - - 39 -66 2016-2017 Ајакс ЕД 32 -19 КХ 0 0 ЛШ+ЛЕ 0+14 -16 - - - 46 -35 2017-2018 ЕД 33 -32 КХ 1 -1 ЛШ+ЛЕ 2Во квалификациските кола.+2 -3 + -4 - - - 37 -40 2018-2019 ЕД 33 -28 КХ 4 -1 ЛШ 186 настапи во квалификациските кола. -174 гола примил во квалификациските кола. - - - 55 -46 2019-2020 ЕД 24 -21 КХ 3 -5 ЛШ+ЛЕ 104 настапи во квалификациските кола.+1 -10 + -1 СХ 1 0 38 -37 2020-2021 ЕД 20 -15 КХ 0 0 ЛШ+ЛЕ 6+0 -7 - - - 26 -22 2021-2022 ЕД 0 0 КХ 1 0 ЛШ 1 -1 СХ 0 0 2 -1Вкупно Ајакс 142 -115 9 -7 54 -59 1 0 206 -181Вкупно во кариерата 177 -175 9 -7 54 -59 1 0 241 -241
Титули Клупски Ајакс Ередивиси : 2 2018-2019, 2020-2021 Куп на Холандија : 2 2018-2019, 2020-2021 Суперкуп на Холандија : 1 2019
Наводи
Надворешни врски
Андре Онана на soccerway Андре Онана на transfermarkt Андре Онана на whoscored Андре Онана на espn
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Камерунски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Ајакс Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Трабзонспор