Куќа на Пешиновци — староградска куќа во струшкото село Вевчани, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.
Историја
мини|лево|Чардакот.
Куќата е изградена во 1927 година пред старата Куќа на Плушковци од XVIII–XIX век, со која образува архитектонски комплекс.
Била прогласена за значајно културно наследство на Македонија со решение од 30 декември 2011 година од страна на Управата за заштита на културното наследство.
Архитектура
Градбата е висока куќа со приземје и два ката. Содржи двовисински трем и двоен средиштен чардак со изразито издеференциран зимски стан во меѓукатот и летен стан на катот.
Приземјето и првиот кат се изработени од камен, зарамнети со дрвени кушаци во сува ѕидарија. Над прозорците на првиот кат има украси од тули. Вториот кат на исток и запад е од камен, а останатите ѕидови се од полна тула. Над дрвените прозорци има сводесто украсување од тули. Меѓукатната конструкција е изведена со греди од костеново дрво. Покривот е повеќеводен, исто така е од костенови греди, со ќарамиди врз платно од даски. Дрвените покривни конструктивни греди, кои ја образуваат стреата, завршуваат со украси. Внатрешните врати, подови, како и меѓукатното столбиште се од костеново дрво.
Галерија
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Вевчани
Наводи
Надворешни врски
Пешиновци Категорија:Појавено во 1927 година во Македонија Категорија:Појавено во 1927 година во Кралството СХС Категорија:Згради и градби завршени во 1927 година Пешиновци