Лазар Вујаклија ( Виена, 17 август 1914 - Белград, 1996 ) бил српски сликар на експресионизам и симболизам.

Биографија На 10-годишна возраст се преселил во Белград, каде што го завршил графичкото училиште. Посетувал курс по цртање и сликање кај Петар Добровиќ. На студиски патувања ги посетил Париз, Грција, Италија, Швајцарија и Хиландар, каде што ја усоврши својата уметничка работа. Својата инспирација ја наоѓал во народната, фолклорната и религиозната уметност. Се занимавал со сликарство, таписерија, графика и мурализам. Бил член на групата „Самостални“, „ Декембарске групе“, Друштвото на ликовни уметници на Србија и Графичкиот колектив. Првата самостојна изложба ја реализирал во 1952 година во Белград, а последната во 1985 година. Имал организирано вкупно 20 самостојни изложби. Тој го насликал и првиот мурал во Белград во 1970 година, кој не е зачуван. Неговите дела се зачувани во национални збирки. Својот стил го изразил со користење на едноставни геометриски симболи дефинирани со црна контура, палета на основни бои и едноставна композиција на делото.

Погребан е во Алејата на заслужните граѓани во Белград.

Наводи

Категорија:Српски сликари Категорија:Експресионистички сликари Категорија:Починати во 1996 година Категорија:Родени во 1914 година Категорија:Погребани во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта (Белград) Категорија:Луѓе од Виена