Миленко Атанацковиќ (01.05.1875 г. - 07.02.1955 г.), бил српски сликар и ликовен педагог.

Биографија Миленко Атанацковиќ бил роден во Шид во 1875 година. Во 1878 година заедно со семејството кое биле трговци, се преселил во Бјељина. Основно и трговско училиште завршил во Бјељина, а во Сараево завршил средно техничко училиште. Во 1895 година го продолжил своето образование во подготвителната школа за сликарската академија во Виена, кај познатиот професор по сликарство Шауер. Потоа поминал речиси една година во сликарската работилница на сликарот Паја Јовановиќ, каде се стекнал со солидна основа и образование за студии на Академијата за сликарство во Виена, каде се запишуал во 1896 година и дипломирал во 1899 година. По завршувањето на академијата, посетувал тригодишна специјализација на истата академија, кај неговиот професор К. Грипенкерл. Таа академија за сликарство во Виена () во тоа време била позната во Европа и недостижен сон на многу млади уметници.

Не сметајќи ги годините на школување во Сараево, студирањето во Виена и петте години што ги поминал со службата како професор во гимназијата во Пљевља, цело време живеел во Бјељина. Таму во периодот од 1920 година до 1947 година и работел (до пензионирање), во Гимназијата „Филип Вишњиќ“ како како професор по сликарство и цртање.Радић, Милош; Душан Мартиновић (1972). Миленко Атанацковић 1975-1955. Бијељина: Народни универзитет Во неговиот плоден живот оставил дела од исклучителна вредност, особено во областа на портретот.

Најголем дел од делата на Миленко Атанацковиќ се чуваат во Уметничката галерија на Босна и Херцеговина во Сараево, музејот Семберија и галеријата Миленко Атанацковиќ во Бјељина.

Се претпоставува дека негови дела денес се наоѓаат во разни галерии, музеи и приватни збирки на сопственици во Америка, Англија, Австрија, Бјељина, Шид, Пљевља, Београд, Река Црнојевиќ, Сараево, Тузла и други места.

Миленко Атанацковиќ, сметал дека неговиот жанр е „пазарен“. Во неговиот опусот најчести дела се портрети, слики и цртежи, направени на хартија, платно, картон и дрво. Тој бил документарец на своето време и го снимил живот на неговата Бјељина и нејзините жители. Значајно е да се каже дека во периодот меѓу двете светски војни изработувал иконостаси, кои сè уште претставуваат значајни дела од фрескоживописот и иконописот во црквите во БјељинаХрам Св. Георгија , Посетено на 13. 4. 2013., Загонима и Јања. Од 1950 година до 1955 година главно се занимавал со цртање орнаменти. Направил околу 1000 различни цртежи и скици, кои најмногу се користеле за уметнички занаети.

За прв пат изложувал како студент во Виена во Куќата Кинслер, а последната ретроспективна изложба на неговите дела била организирана во Бјељина во 2005 година на педесетгодишнината од неговата смрт.

Својот исклучително успешен живот го завршил во Бјељина, на 7 февруари 1955 година. Денес, уметничка галерија во Бјељина го носи неговото име.

Наводи

Надворешни врски

арте-Миленко Атанацковиќ (1875—1955) Галерија Миленко Атаначковиќ Галерија Миленко Атаначковиќ Бјељина КОЈ Е КОЈ во српската уметност КОЈ Е КОЈ ВО СРПСКАТА УМЕТНОСТ

Категорија:Српски сликари Категорија:Луѓе од Бијељина Категорија:Починати во 1955 година Категорија:Родени во 1875 година Категорија:CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори Категорија:CS1-грешки: ISBN