Битката кај Ан (кинески: 鞍之战; пинјин: Ān zhī Zhàn) ― битка водена за време на Пролетниот и есенскиот период во 589 п.н.е. на ридот Хуа во областа на денешниот град Чинан, Шандонг помеѓу државите Ќи и Чин. Завршила со победа на државата Чин и на крајот резултирало со сојуз меѓу двете држави.
Два од трите преживеани коментари на пролетните и есенските анали, Цуо Чуан и Гулијанг Чуан го опишуваат настанот што довел до битката како навреда што ја претрпел чинскиот емисар во ќискиот двор,Jiang Yike, The Battle of An, Between Jin and Qi, For Hegemony но двата извори се разликуваат по природата на навредата. Според Цуо Чуан, војводата од Ќи им дозволил на жените да ја следат посетата на емисарот од преградена страна, жени кои потоа го навредиле емисарот со нивната смеа.Burton Watson: The Tso chuan: selections from China's oldest narrative history, Columbia University Press, 1992 Гулијанг Чуан тврди дека војводата од Ќи ги навредил емисарите на четири држави во посета со тоа што на секоја од нив и доделил служител кој ги споделувал нивните соодветни физички дефекти.
Наводи
Категорија:Статии со текст на кинески Категорија:Ќи (држава) Категорија:Чин (кинеска држава) Категорија:Историја на Кина по тема Категорија:Чоу (династија) Категорија:589 п.н.е. Категорија:Старовековни битки