Dolerus pratensis е вид на растителна оса од родот Dolerus.
Опис Главата, градите и тегулите се црни, крилата малку затемнети, жилките и стигмата црни. На предните нозе една третина од фемурот е црвена. Абдоменот е црн на двата краја, во средината од вториот до петтиот сегмент е црвен. Мажјакот е во многу белези сличен на женската форма.
Ларвите достигнуваат должина од 30 мм. Нивната глава со белузлав и жолт белег. На челото има кафеава дамка во форма на срп. Телото од горната страна зеленикаво, или понекогаш кафеаво. Од долната страна е светлозелено или жолтеникаво. Се среќаваат во текот на јуни и јули на растенија од родот на Equisetum.
Возрасните единки достигнуваат должина од 10-12,5 мм.
Живеалиште Географската распространетост на овој вид оса е Европа, Сибир, источно од Камчатка, како и високите планини на Источна Африка. Во Македонија видот се среќава во Маврово и село Рашче, Скопско.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 79
Наводи
Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија