мини|Никола Жигиќ со Бирмингем Сити во 2012 година Никола Жигиќ (роден на 25 септември 1980 година) бил поранешен српски фудбалер кој настапувал на позицијата напаѓач или центарфор.

Жигиќ е роден во Бачка Топола, во тогашна СФР Југославија. Во младите години започнал да игра фудбал во екипата на АИК од Бачка Топола и за тој клуб постигнал 68 голови на вкупно 76 натпревари играјќи за првиот тим. Овој резултат го постигнал во период од три години, додека клубот се натпреварувал во третото ниво по квалитет во тогашната југословенска лига. Воената обврска во 2001 година го однела во градот Бар, каде што можел да ја продолжи својата голгетерска кариера настапувајќи за локалниот клуб од втората лига, екипата на Морнар. Краток период потоа минал во екипата од третата лига, Колубара, за подоцна да го потпише професионалниот договор со прволигашот Црвена ѕвезда од Белград. Потписот го ставил во месец јануари 2003 година. Никола Жигиќ поминал извесно време како позајмен играч во третолигашот Спартак од Суботица, пред да го одигра својот прв официјален натпревар во составот на Црвена ѕвезда, истата година. И покрај сугестиите дека неговата висина (2,02 метри) не одговарала за играње фудбал, и подобро било да се занимава со други спортови, Жигиќ својата прва сезона во новиот клуб ја завршил како најдобар стрелец во Првата лига, и како најдобар домашен играч за таа година. Заедно со својот клуб ја освоил, односно станал шампион во лигата и воедно бил и стрелец на победничкиот гол во финалето на купот. Таа сезона 2005/06 Жигиќ ја освоил двојната круна (првенството и купот),како и награда за второ место за играч на годината. Во својот тригодишен период минат во екипата на Црвена ѕвезда постигнал 70 голови на вкупно 109 натпревари во сите типови на натпреварувања.

Во месец август 2006 година, Никола Жигиќ потпишал за шпанскиот клуб Рејсинг Сантандер. Партнерството со соиграчот Педро Мунитис му помогнал на клубот на крајот на сезоната да биде сместен на средината од табелата во Ла Лига. Подоцна Жигиќ се преселил во екипата на Валенсија, но не можел да се наметне како редовен во стартните единаесет играчи. Втората половина од сезоната 2008-2009 во Ла Лига ја поминал со составот на Рејсинг како позајмен играч, за кого постигнал 13 голови на само 19 натпревари. Никола Жигиќ во 2010 година му се приклучил на клубот Бирмингем Сити од Премиер лигата, а во својата прва сезона постигнал гол во победата во Лига Купот. Дури и по испаѓањето во Чемпионшип лигата (втора по ранг во Англија), и напорите на клубот да му се намали неговата висока плата, тој сепак останал во екипата на Бирмингем цели четири години или до крајот на неговиот договор. Бидејќи бил без ангажман во ниту еден клуб, неколку месеци подоцна од сезоната 2014/15, тој повторно се приклучил во составот на Бирмингем, односно на почетокот од пролетниот дел (втората полусезона).

Жигиќ својот прв сениорски репрезентативен натпревар за селекцијата на Србија и Црна Гора го имал во март 2004 година, а по распадот на Србија и Црна Гора во 2006 година, тој настапувал на репрезентативно ниво за државата Србија. За таа селекција настапувал сѐ до 2011 година. За својата земја одиграл 57 натпревари и постигнал вкупно 20 гола. Тој бил член на селекциите на Светското првенство во 2006 и 2010 година, а накратко во 2011 година бил и капитен на својата земја.

Приватен живот Никола Жигиќ е роден во Бачка Топола, во тогашна СФР Југославија, син на Јован, поранешен фудбалер, и на Милица, која била поранешна кошаркарка. Средното образование го завршил во машинското училиште во Бачка Топола. Неговиот брат Бранко, кој бил 15 месеци помлад од него, исто така станал фудбалер, и играл како централен дефанзивец во клубовите: Цемент од Беочин и во српската прва лига за клубот Пролетер од Нови Сад. За време на југословенските војни во 1999 година, родниот град на Жигиќ бил изложен директно под летовите од бомбардерите на НАТО алијансата кога се упатувале во правец на Белград. Во поголемиот дел од тој конфликт, семејниот дом на Никола бил без струја и без вода.

Жигиќ бил оженет со Сања. Тие заедно имале две ќерки и еден син. тие живеат во близина на Валенсија, Шпанија, а Никола Жигиќ му помагал во бизнисот на својот агент.

Клупска кариера

Почетна кариера Жигиќ се приклучил на клубот од неговиот роден град, екипата на АИК од Бачка Топола како доста млад, а во сениорскиот тим влегол во сезоната 1998-99 година. Започнал да игра како среден бек, но набрзо сфатил дека повеќе сака да постигнува голови отколку да игра во одбраната. Родителите на Жигиќ не сакале тој сериозно да се занимава со фудбал додека не го заврши своето образование. Затоа тој останал во клубот на АИК од Бачка Топола сѐ до 2001 година, притоа постигнувајќи 68 голови на вкупно 76 натпревари. Во тој период неговиот клуб се натпреварувал во српската лига на Војводина, третото ниво на југословенскиот фудбал. Кога воената служба го однела во градот Бар, тој можел да игра за локалниот клуб, Морнар, за кого постигнал 15 голови од 23 натпревари во Втората лига на СР Југославија 2001–02. Откако пробите во Франција со екипите на Сент-Етјен и Кретеј не дале резултат, Жигиќ се вратил назад во Србија каде одиграл 8 натпревари за третолигашкиот клуб на Колубара, постигнувајќи 3 гола.

Никола Жигиќ го потпишал својот прв професионален договор во месец јануари 2003 година, со екипата на Црвена ѕвезда од Белград, еден од најголемите клубови во земјата. Бидејќи се сметало дека тој не е подготвен за првотимскиот фудбал на тоа ниво, вториот дел од сезоната 2002-03 го минал како позајмен играч во екипата на Спартак од Суботица, која се натпреварувала во третата лига по ранг. Во екипата на Спартак постигнал 14 голови на само 11 првенствени натпревари.

Црвена ѕвезда Повратникот, тренерот Славољуб Муслин го донел Жигиќ во сениорскиот тим на екипата на Црвена ѕвезда за сезоната 2003–04 во Првата лига. Неговиот прв настап тренерот му го овозможил и тоа во стартните единаесет играчи на првиот ден по потпишување на договорот. Тој прв натпревар завршил со пораз. Физичкиот изглед на Жигиќ и 16-годишна возраст и испровоцирало сугестии дека можеби подобро би му одговарало кошарка како спорт. Жигиќ во наредниот натпревар го отворил резултатот во победата над екипата на Хајдук од Кула кој завршил со резултат од 2:0. Помеѓу, тие натпревари тој реализирал хет-трик против екипата на Нистру во квалификациското коло за Купот на УЕФА 2003-04 . Подоцна тој продолжил да придонесува за клубот со уште дополнителни три гола, кога составот на Црвена ѕвезда го победила составот на Одензе со вкупни 6:5. Овој натпревар бил од првото коло на европското натпреварување. Тој постигнал два гола во победата од 3:0 во Вечното дерби против составот на Партизан. Прославата му била со имитирање на шут од кошарката. До паузата од средината на сезоната, тој имал постигнато 12 првенствени голови, како и 6 во Купот на УЕФА. Подоцна Никола Жигиќ бил прогласен за играч на годината за 2003 година. За неговиот избор гласале капитените на тимовите од Првата лига преку весникот Вечерње новости како и од Фудбалскиот сојуз. Ја завршил сезоната како најдобар стрелец во лигата, со вкупно 18 голови. на Црвена ѕвезда ја освоила својата 23-та титула. Никола Жигиќ го постигнал победничкиот гол во финалето на купот.

Партнерството со Марко Пантелиќ продолжило и во втората половина на сезоната 2003–04. Никола Жигиќ продолжил да постигнува голови и во новата сезона. По два гола негатива на екипата на Црвена ѕвезда во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите против составот на Јанг Бојс, тој постигнал два гола во последните 12 минути за да му донесе нерешен резултат на својот тим и тоа на гостински терен. На домашен терен (домашно првенство), соиграчот Пантелиќ постигнал вкупно 21 лигашки гол, а Никола Жигиќ погодил вкупно 15 пати додека на крајот на сезоната екипата на Црвена ѕвезда завршила на второто место, веднаш зад составот на Партизан. Жигиќ постигнал гол и против екипата на Партизан за да ѝ помогне на својата, Црвена ѕвезда, да стигне до финалето на купот. Тој бил еден од петте редовни стартери кои не биле на располагање на тимот за натпреварот во финалето поради повреда или суспензија. Во финалето на купот екипата на Црвена ѕвезда го загубила натпреварот од составот на Железник.

Во септември 2005 година, Жигиќ го продолжил договорот за уште една година, кој требало да истече на крајот на сезоната. Тој му помогнал на својот тим да напредува низ квалификациските рунди на Купот на УЕФА, и како што јавил дописникот на Ројтерс, „заврши брилијантна поединечна изведба со два гола“, како и го обезбедил центаршутот за Милан Пуровиќ додека Црвена ѕвезда ја победила Рома со 3-1 во третиот натпревар од групната фаза. Неговиот прв гол, удар со глава, се чинело дека е постигнат од офсајд позиција, но во вториот, во 86 минута, тој го отфрлил Филип Мексес, избегнал уште двајца противници и ја извртел топката во горниот агол од 25 метри со послабата лева нога. Тој потоа рекол: „Никогаш не сум постигнал таков гол во целата моја кариера. Требаше да ја додавам топката, но немаше никој пред мене, па решив да одам на тоа и да видам што ќе се случи“. Победата ѝ дала можност и потреба на Црвена ѕвезда да победи на последниот натпревар од групата за да има шанса да се квалификува во нокаут рундата, но тие не успеале во тоа.

По втор пат во три години, Никола Жигиќ бил избран за најдобар играч во домашното првенство по спроведена анкета во која гласале сите капитени на прволигашките екипи. Бил почестен и од Спортската асоцијација Црвена ѕвезда за најдобар машки спортист во 2005 година. Наградата била предвидена за спортисти кои го претставуваат клубот во сите категории на спортови, а не само во категоријата на фудбал. По заминувањето на соиграчот Пантелиќ во екипата на Херта БСЦ, головите на екипата на Црвена ѕвезда биле порамномерно распоредени помеѓу останатите напаѓачи. Во лигата, Никола Жигиќ и Бошко Јанковиќ биле стрелци на вкупно 12 голови, а соиграчот Пуровиќ придонел со еден гол помалку. Екипата на Црвена ѕвезда ја освоила својата 24-та титула. Неговата екипа во натпреварот против екипата на ОФК Белград во финалето од купот, губела со резултат од 2:0 , но со слободниот удар на Жигиќ во 67 минута од слободен удар и израмнувачкиот гол на Пуровиќ натпреварот се одигрувал во продолженија, при што Жигиќ постигнал гол со глава, а Душан Баста го поставил конечниот резултат од 4:2. По натпреварот, Никола Жигиќ одбил да одговори на прашањата за неговата иднина во составот на Црвена ѕвезда.

Расинг од Сантандер Никола Жигиќ ја започнал новата сезоната со екипата Црвена ѕвезда, но на 29 август 2006 година, потпишал четиригодишен договор со клубот од Ла Лига, Расинг од Сантандер. Финансиите официјално не биле откриени, а имало различно пријавени суми движејќи се од 4,5 до 7 милиони евра. Иако подобрите понуди биле одбиени, тие сепак пристигнале во погрешно време. Притисокот врз Црвена Ѕвезда да ја освои домашната титула значело дека тие веројатно нема да располагаат со еден од главните играчи на средината од сезоната. Жигиќ чувствувал дека најдобро било да ги започне натпреварите со клуб на ниво на Расинг од Сантандер. Во новиот клуб бил партнер со ситниот по раст Педро Мунитис. Никола постигнал 11 гола, вклучувајќи и хет-трик во победата од 5:4 над составот на Атлетик Билбао. Имал остварено и четири асистенции и пет реализирани пенали во лигашките натпревари во текот на сезоната. Екипата на Расинг завршила на десеттото место на конечната табела. Пред почетокот на наредната сезона, новиот тренер на клубот Марселино Гарсија Торал изјавил „Сите знаеме колку бодови освои клубот на Расинг кога во него ги немаше Никола Жигиќ и Мунитис. Без нив, составот на Расинг не освојуваше бодови.“ Неговите игри во 2006 година му донеле капитенски избор за најдобар играч кој игра во странство. Според тоа гласање тој ја освоил наградата Златна топка на Фудбалскиот сојуз на Србија за наредната 2007 година.

Валенсија