Крушевац е град којшто се наоѓа во јужниот дел на Србија. Овој град денес има над 73.000 жители на територијата на градот и околу 131.000 жители на територијата на општината. Општината Крушевац има 101 населби. Крушевац зафаќа површина од 845 км2 и е центар на Расинскиот округ. Името на градот можеби потекнува од реката Крушица, крушките или од каменот „крушец“ користен за утврдувањето.

Историја лево|мини|Црквата Лазарица Градот е основан во 14 век, станал престолнина на српската држава за време на кнез Лазар Хребељановиќ (1371–1389), кој изградил двор и црквата Лазарица, пример на моравската школа со орнаменти и фрески. По Косовската битка (1389) и Лазаревата смрт, градот ја губи улогата на престолнина. мини|Споменикот на косовските јунаци Во османлискиот период, откако е освоен во 1454 година, Крушевац станува административен центар на Крушевачкиот санџак и трговски центар. Ослободен е од Османлиите во 1833 за време на кнез Милош Обреновиќ, а во 19 век се развива како трговски и административен центар на Кнежевството и Кралството Србија. мини|Куќата на семејството Симиќ (19 век) Во 20 век, особено во социјалистичка Југославија, Крушевац станува индустриски центар со фабрики како „14 октомври“ и „Трајал“. Во Втората светска војна бил окупиран од Германците, а ослободен во 1944 од партизаните и Црвената армија.

Култура и знаменитости мини|Градскиот музеј (старата гимназија) Денес, Крушевац е познат по културното наследство, вклучувајќи ја Лазарица, остатоците од средновековниот град и споменикот на Косовските јунаци, како и по манифестации како Видовданските свечености. мини|Театарот во Крушевац мини|Градската куќа

Стопанство мини|Хотелот „Рубин“ Градот е економски и административен центар на Расинскиот округ, со развиена земјоделство, индустрија и туризам, благодарение на историското значење и блиската планина Јастребац.