мини|Слободан Рајковиќ во дресот на Локомотив Москва мини|Слободан Рајковиќ за репрезентацијата на Србија во 2008 година

Слободан Рајковиќ (Белград, 3 февруари 1989) е српски фудбалер кој моментално настапува за екипата на МТК. Тој игра во одбраната на екипата на позицијата стопер.

Кариера Слободан Рајковиќ е роден во местото Падинска Скела, а помладите фудбалски категории ги минал во екипата на ОФК Белград. Своjoт прв натпревар за првиот тим на ОФК Белград го имал на 15-годишна возраст во сезоната 2004/05. Како 16-годишник, во 2005 година, тој потпишал договор тежок 5,2 милиони евра со англискиот клуб Челзи. Според договорот, Рајковиќ играл за ОФК Белград до сезоната 2006/07, а потоа се преселил во составот на Челзи.

Во месец јуни 2007 година екипата на Челзи решила да го позајми Рајковиќ на составот на ПСВ Ајндховен. По истекот на периодот како позајмен играч, екипата на ПСВ посакувала Рајковиќ да остане уште една година во нивните редови, но екипата на Челзи ја отфрлила таа можност, затоа што била незадоволна од неговата доделена минутажа во составот на Ајндховен.

Сепак, Рајковиќ не заминал далеку, туку останал во Холандија како позајмен играч во екипата на Твенте. Во месец јуни 2009 година, заемот бил продолжен за уште една година. Во месец август 2010 година Рајковиќ повторно бил позајмен, но овојпат во составот на Витесе заедно со неговиот соиграч од редовите на Челзи и младата репрезентација Немања Матиќ.

По враќањето од Витесе, Рајковиќ во летото 2011 година комплетно ги минал подготовките со екипата на Челзи. Тој одиграл неколку пријателски натпревари, а тогашниот тренер на екипата на Челзи, Андре Вилас-Боаш посакувал да го задржи во тимот. Сепак, Слободан Рајковиќ поради неисполнување на условите за добивање на работна дозвола не можел да игра за составот на Челзи.

Во месец август 2011 година, Слободан Рајковиќ потпишал четиригодишен договор со германскиот бундеслигаш Хамбургер. Во месец јули 2012 година тој бил исфрлен од првиот тим откако на тренинг се судрил со корејскиот репрезентативец Хјун Мин Сон и се обидел да го удри по кратка вербална расправија. Кореецот избегал и ненамерно го удрил во главата турчинот Толгај Арслан, кој стоел веднаш зад него. Арслан паднал на земја во несвест со скршена аркада. Неколку дена подоцна, клубот реагирал и излегол со официјално соопштение во кое столело дека Рајковиќ е отстранет од првиот тим и дека ќе мора да си најде нов клуб, бидејќи за него нема место во Хамбург.

Во наредните девет месеци тој бил надвор од конкуренција за тимот и бил на милост и немилост на тренерите Торстен Финк и Барт Ван Марвијк. Дури со доаѓањето на тренерот Мирко Сломка, во февруари 2014 година, тој се рехабилитирал и се вратил во тимот на ХСВ (Хамбургер). Штом се сместил во стартната кипа на Хамбургер ги скинал лигаментите на левото колено на натпреварот против составот на Вердер од Бремен (1:0) и го пропуштил остатокот од сезоната. За четири сезони минати во дресот на ХСВ, тој настапил на само 42 натпревари во Бундеслигата и притоа постигнал два гола.

На крајот на месец септември 2015 година, Рајковиќ потпишал договор со германскиот тим Дармштад.Novi zadatak za Ramba: Slobodan Rajković potpisao za Darmštat!, mozzartsport.com За овој клуб во сезоната 2015/16 настапил 15 пати во Бундеслигата. На почетокот на месец август 2016 година, се преселил во екипата на Палермо, Италија.Rajković uzeo „peticu“ i poručio: Mnogi su me tražili, ali želeo sam u Palermo, mozzartsport.com За време на неговата прва сезона со Палермо, имал проблеми со повреди, поради што играл многу малку.Čovek zvani maler: Rajković pauzira dva meseca, mozzartsport.com Екипата на Палермо во сезоната 2016/17 испаднала од Серија А, па Рајковиќ во наредните две сезони настапувал во втората лига - Серија Б. Во сезоната 2018/19 Слободан Рајковиќ бил стандарден во тимот на Палермо кој се борел за да се врати во Серија А.Sezona karijere Slobodana Rajkovića, žele ga tri kluba iz Serije A!, mozzartsport.comPotrebni hitni transferi za spas karijera: Srpski fudbaleri kojima su propale sezone , mozzartsport.com Составот на Палермо ја завршил сезоната во Серија Б на третото место и обезбедил место во бараж натпреварот за Серија А, но поради финансиски нерегуларности клубот испаднал во третиот ранг, односно во Серија Ц.NIŠTA OD SERIJE A: Palermo izbačen u niži rang, novosti.rs По тој настан Рајковиќ го напуштил клубот.

Првиот дел од сезоната 2019/20 бил без ангажман. Во текот на месец ноември 2019 година, тој тренирал заедно со екипата на Партизан, но сепак не потпишал договор. Во месец јануари 2020 година се вратил во Италија и потпишал за второлигашот Перуџа. Во месец август 2020 година потпишал за екипата на Локомотив од Москва, но договорот бил раскинат во месец јануари наредната година.

Репрезентација Веќе како 16-годишник Рајковиќ станал редовен член на младата репрезентација на Србија. Настапувал на Европското првенство за млади во 2007 година и на Олимписките игри 2008 година во Пекинг. На натпреварот од последното коло од групната фаза против селекцијата на Аргентина во рамките на олимпискиот турнир, Рајковиќ го плукнал судијата, по што бил суспендиран една година од сите клупски и репрезентативни натпреварувања,Rajković suspendovan na godinu dana zbog pljuvanja sudije, Посетено на 25. 4. 2013. но по жалбата на Фудбалскиот сојуз на Србија, таа казна се преименувала и се однесувала само на репрезентативните натпревари. За сениорската репрезентација на Србија за прв пат настапил во 2008 година, на натпреварот против репрезентацијата на Република Ирска.

Трофеи

ПСВ Ајндховен

Освоено е Холандското првенство: 2007/08.

Твенте

Освоено е Холандско првенство: 2009/10.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Фудбалери на ФК Локомoтив Москва Категорија:Фудбалери на ФК Перуџа Категорија:Фудбалери на ФК Твенте Категорија:Фудбалери на ФК ПСВ Ајндховен Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Српски фудбалери Категорија:Родени во 1989 година