Стража — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Фариш. Претставува утврдена населба од доцноантичкото време. На 2 км југоисточно од селото, на котата 441 и на околу 500 м југоисточно од наоѓалиштето Селиште, има масивен ѕид што го опкружува ридот. На зарамнетиот рид се наоѓаат остатоци од темели на градби и множество фрагменти од тегули, имбрекси и градежен камен.
Поврзано Дабица — некропола од римското време; Св. Богородица — осамен наод од римското време; Селиште — населба од доцноантичкото време; Фариш; Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи