Западно крило(англиски: The West Wing) е американска телевизиска драмска серија создадена од Ерон Соркин, емитувана од 1999 до 2006. Серијата е сместена во западното крило на Белата Куќа, а тоа е локацијата на овалната канцеларија и канцелариите на претседателскиот персонал, за време на фиктивната демократска администрација на Џосаја Бартлет (Мартин Шин).
Западно крило е продуцирана од Ворнер Брос. Премиерно е емитувана на NBC и во десетици други земји. Заврши на 14 мај 2006, по седум реализирани сезони. Кај нас се емитува на Сител телевизија.
Серијата има добиено позитивни критики од критичари, професори по политички науки и поранешни вработени во Белата Куќа. Западно крило има освоено 2 златни глобуси и 26 еми награди (од кои 4 по ред (2000-2003) за најдобра драмска серија).
Дејство Западно крило, како и повеќето серијализирани драми, има развлечени приказни кои траат по епизоди или сезони, но покрај овие подолги приказни, во секоја епизода има кратки случаи кои почнуваат и завршуваат во една епизода.
Повеќето епизоди го следат претседателот Бартлет и неговиот персонал како се справуваат со некои правни или политички проблеми. Една типична епизода го следи денот на претседателот и персоналот, од што произлегуваат повеќе настани поврзани со некоја одредена тема.
Еволуција Западно крило е развиена од филмот Американски претседател од 1995, за кој Ерон Соркин го напиша сценариото. Неискористени приказни за филмот, како и некои предлози од Акива Голдсмен, го инспирираа Соркин да ја создаде Западно крило.
Категорија:Телевизиски серии со почеток во 1999 година