Дабјето — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Гарниково. Претставува населба и некропола од доцноантичкото време.

Местоположба Дабјето се наоѓа на 1,5 км јужно од селото.

Ископувања и наоди Во нивата на Трајко Дончев се гледаат фрагменти од керамички садови и многу градежен материјал. Има и фрагменти од камени плочи и гробни конструкции - тип циста.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко

Наводи