Иван Шапоњиќ (роден на 2 август 1997 година) е професионален српски фудбалер кој настапува на позицијата напаѓач. Шапоњиќ моментално настапува за словачкиот клуб ШК Слован од Братислава.
На меѓународно (репрезентативно) ниво, Шапоњиќ го освоил златниот медал со селекцијата на Србија на Светскиот куп на ФИФА У-20 2015 година. На тоа првенство тој успеал да постигне два гола.
Клупска кариера
Партизан Иван е роден во Нова Варош. Започнал да игра фудбал во локалните клубови на Златар од Нова Варош и Слобода од Ужице пред да се приклучи на младинската академија на екипата на Партизан. Својот прв натпревар, за сениорскиот клуб на Партизан во лигашки натпревар го имал на 30 ноември 2013 година, влегувајќи како замена во 76 минута во победата од 2:0 на домашен терен над составот на Спартак од Суботица. Тој до крајот на сезоната 2013-14 не успеал да одигра ниту еден друг натпревар за клубот.
На 30 мај 2014 година го потпишал својот прв тригодишен професионален договор со екипата на Партизан. Тој својот прв натпреварувачки гол за тимот го постигнал на 8 април 2105 година, во победата од 2:0 на гостински терен над екипата на Јагодина во возвратниот натпревар од полуфиналето на Купот на Србија. Пет дена подоцна, тој го постигнал својот прв лигашки гол во победата од 3:1 на гостински терен против составот на ОФК Белград. Шапоњиќ постигнал вкупно 5 гола на 16 натпревари во сите типови на натпреварувања, во текот на сезоната 2014-2015.
На 25 јули 2015 година, Шапоњиќ постигнал гол во победата од 6:0 на лигашки натпревар над составот на Јагодина. Тој го постигнал својот прв меѓународен гол за составот на Партизан, со удар со глава во победата од 2:1 на домашен терен над клубот на БАТЕ од Борисов, во возвратниот натпревар од плеј-оф фазата во Лигата на шампионите. Овој натпревар се одиграл на 26 август 2015 година. Тоа била 100-та победа на клубот на Партизан во европскиот фудбал. Тој, ги постигнал двата гола за екипата на Партизан во победа од 2:0 во Купот на Србија на 28 октомври 2015 година над екипата на Синѓелиќ од Белград.
Бенфика На 12 јануари 2016 година, Шапоњиќ потпишал договор со траење од 5 години и половина со португалскиот шампион на Бенфика и веднаш бил прекомадуван во нивниот резервен тим. Во месец јули 2017 година, Иван Шапоњиќ бил позајмен на белгискиот клуб Зулте Варегем.
Атлетико Мадрид На 11 јули 2019 година, Шапоњиќ потпишал тригодишен договор со екипата на Атлетико од Мадрид за тогаш непозната сума. Подоцна била објавена сума која изнесувала околу 500 илјади евра. Својот прв гол за клубот го имал на 23 јануари 2020 година, во натпревар од Копа дел Реј (шпански куп) против екипата на Културал Леонеса.
На 22 јануари 2021 година, Шапоњиќ се придружил во Ла Лига во екипата на Кадис до крајот на сезоната и тоа како позајмен играч. На 31 јануари 2021 година, тој го одиграл својот прв натпревар за клубот во поразот од 2:4 на домашен терен во лигашки натпревар против неговиот поранешен тим Атлетико од Мадрид.
Слован Братислава Во месец јануари 2022 година, екипата на Слован од Братислава ја објавила веста за потпишувањето на договорот со Иван Шапоњиќ за период од 3 години и половина.
Репрезентација На меѓународно ниво, Шапоњиќ ја претставувал својата татковина на различни младински нивоа. Тој бил најдобар стрелец на тимот (заедно со Лука Јовиќ) со по пет гола во нивната неуспешна квалификациска фаза за УЕФА првенството до 17 години во 2014 година. Со вкупно три гола, Шапоњиќ бил повторно најдобар стрелец на тимот (и повторно во друштво на Јовиќ) во неуспешна квалификациска сезона за УЕФА првенството до 19 години во 2015 година.
Иван Шапоњиќ бил вклучен во финалниот тим од 21 играч за Светското првенство на ФИФА У-20 во 2015 година. Тој на 10 јуни 2015 година, го постигнал израмнувачки гол против репрезентацијата на Унгарија во осминафиналето, при што Србија на крајот го добила натпреварот со резултат од 2:1 и тоа по продолженијата. На 17 јуни 2015 година, тој го постигнал победничкиот гол во продолжението во полуфиналето против репрезентацијата на Мали. Иван бил најдобар стрелец на тимот (заедно со уште Немања Максимовиќ, Станиша Мандиќ и Андрија Живковиќ) со два гола. На крајот од турнирот репрезенатцијата на Србија завршила на првото место.
Статистика во кариерата
Клупска статистика
КлубСезонаЛигашки натпреварКуп натпревариКонтинентални натпревариОстанати натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиПартизан2013–14Српска Суперлига100000—102014–151442100—1652015–161731271—256Вкупно3273371—4211Бенфика Б - тим2015–16Лига Про195———1952016–17213———2132018–19286———213Вкупно6814———6814Зулте Варегем(како позајмен играч)2017–18Белгиска Про Лига2152150111397Атлетико од Мадрид2019–20Ла Лига20100000302020–21002000—20Вкупно2030000050Кадис(како позајмен играч)2020–21Ла Лига91———91Вкупно во кариерата132278412111116333 Признанија
Клупски признанија Партизан
Освоена е Српската Суперлига: 2014–15 Учество во финалето на Купот на Србија: Второпласирани 2014–15
Меѓународни признанија Србија
Освоено е Светското првенство на ФИФА за У-20: 2015 година
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1997 година