Слободан Слоба Радановиќ ( 20 јуни 1990 г.) е српски поп-фолк пејач и текстописец кој ѝ се претставил на јавноста во Србија со учеството во музичкиот натпревар Пинкови ѕвезди и е најпознат по неговото контроверзно учество во првата сезона на реалното шоу Задруга
Биографија Роден е на 20 јуни 1990 година.во Зрењанин. Уште од мали нозе покажал талент за музика. Во родниот град го завршил електротехничкото и градежното училиште „Никола Тесла“, насока градежен техничар за високоградба. Се запишал на студии по архитектура во Нови Сад, но брзо сфатил дека сака да се занимава со музика.
Во септември 2014 година, тој започнал да учествува во првата сезона на музичкиот натпревар Пинкови ѕвезди. Најмногу пеел песни од Здравко Чолиќ, Шабан Шаулиќ и Џеј Рамадановски. Тој стигнал до самиот крај на натпреварувањето, но победата му припаднала на Иван Куртиќ, додека Слободан го освоил третото место. Во 2015 година ја објавил својата прва песна „Буре барута“, која има над четири милиони прегледи на YouTube. Неколку месеци подоцна го објави синглот „У пороцима“. Во 2017 година ја промовирал песната „Стјуардеса“ за која сними и спот.
На 06.09.2017 година, Слободан Радановиќ станал учесник во првата сезона на реалното шоу Задруга . Тој кажува дека влегува за да ја промовира својата музика. Слоба го завршува реалното шоу на четвртото место.
На денот на финалето на Задруга, воедно и неговиот роденден, 20.06.2018 год го претставил новиот сингл „Непристојна понуда“.
Дискографија
Синглови
Буре барута (2015) У пороцима (2015) Стјуардеса (2017) Фамилија (2018) Непристојна понуда (2018) Коцка (2018) Наивна (2019) Ја се не бринем (2019) Тајне (2019) Бивши (2019) Немој много да ме волиш (2019) Рекла ми је, рекла (2020) Ако умрем сад (2020)
Спотови Спот Година Режисер Буре барута 2015 - У пороцима 2015 - Стјуардеса 2017 Љуба, Кија Коцкар Фамилија 2018 - Непристојна понуда 2018 - Коцка 2018 Љуба Радојевиќ Наивна 2019 Љуба Радојевиќ Ја се не бринем 2019 Иван Дениќ Тајне 2019 Марко Арсиќ Немој много да ме волиш 2019 Марко Арсиќ Рекла ми је рекла 2020 Марко Арсиќ Стари 2020 Марко Арсиќ Момак из провинције 2021 Марко Арсиќ Љубав на балкану 2021 Марко Арсиќ Америка 2021 Марко Арсиќ Другарице 2021 Марко Арсиќ Ангел 2021 Марко Арсиќ Неко пита 2021 Марко Арсиќ Дали си среќна са њим 2021 Марко Арсиќ На данашњи дан 2021 Марко Арсиќ
Наводи
Надворешни врски Слободан Радановиќ на сајтот Discogs (јазик: англиски)
Категорија:Српски пејачи Категорија:Родени во 1990 година