Општина Руше (словенечки: Občina Ruše) — општина во североисточна Словенија. Седиште на општината е градот Руше. Денес е дел од Подравскиот статистички регион. Лежи на десниот брег на реката Драва западно од Марибор и се протега на југ од планинскиот венец Похорје. Областа е дел од традиционалниот регион Штаерска.

Населени места Покрај општинското седиште Руше, општината ги опфаќа и следните населени места: Безена Бистрица на Драва Лобница Лог Смолник Фала

Надворешни врски

Официјално мрежно место Руше на Geopedia