мини|Куќата во 2025 година. Куќа на Паунковци — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија.

Архитектура Куќата е сместена на ул. „7-ми Ноември“ бр. 29 и 31. Изградена е во 1930 година по проект на инженерот Ѓорѓи Ѓурчинов. Ова е братска куќа со сутерен, приземје и мансарда над влезниот трем. Има нагласено богато обработена југоисточна фасада и претставува мешавина од архитектонски стилови. Има барокни елементи — полуоблиот тимпанон со гипсена розета над два сводести отвора кои образуваат лоѓија со балустрадна ограда, со поткровје — надоѕидок со мали украсни вути. Прозорците се големи и правоаголни со пиластри и други украсни елементи. Сутеренот е направен од делкан камен.

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид

Наводи

Паунковци Категорија:Појавено во 1930 година во Македонија