мини|Славољуб Срниќ во тимот на Црвена ѕвезда во натпревар против тимот на Краснодар Славољуб Срниќ (роден на 12 јануари 1992 година) е професионален српски фудбалер кој настапува на позицијата крилен напаѓач. Тој е брат - близнак на Драгољуб Срниќ. Моментално настапува за екипата на Црвена ѕвезда од Белград.

Клупска кариера

Црвена ѕвезда од Белград Славољуб Срниќ бил создаден и обликуван како професионален фудбалер во младинската екипа на составот на Црвена ѕвезда. Некои набљудувачи и коментирачи на српскиот фудбал младиот Славољуб го нарекувале како „ученик на тренерот Огњен Короман“. Тренерот Александар Кристиќ го избрал Срниќ за да настапува за составот на Црвена ѕвезда од Белград на 6 ноември 2010 година на натпреварот од Суперлигата против екипата на ОФК Белград. Подоцна браќата Срниќ биле позајмени од екипата на Црвена ѕвезда на блискиот тим и воедно расадник за играчи, екипата на ФК Сопот. Браќата Славољуб и Драгољуб, подоцна биле позајмени на составот на Чукарички, каде што имале многу поголема минутажа, но и многу повеќе успеси.

Чукарички За времето како позајмен играч во екипата на Чукарички од составот на Црвена ѕвезда, Славољуб бил прогласен од страна на „Моцарт спорт“ за најкорисен играч во српската прва лига. По истекот на третманот како позајмени играчи, Славољуб и неговиот брат одбиле да се вратат во екипата на Црвена ѕвезда од Белград и по многу проблеми во преговорите во месец јуни 2013 година сепак биле продадени на составот на Чукарички.

Делумно и поради придонесите на Срниќ, екипата на Чукарички се вратила во српската прва лига во сезоната 2013-14. Токму во тој период Срниќ, дефинитивно го раскинал договорот со екипата на Црвена ѕвезда поради неисплатени финансиски обврски и станал постојан играч на клубот на Чукарички. На 6 октомври 2013 година, на натпревар помеѓу екипата на Чукарички и поранешниот клуб на Срниќ, Црвена ѕвезда, Славоњуб Срниќ остварил асистенција на само 17 секунди од натпреварот, но и постигнал гол во второто полувреме. Не случајно, по тој натпревар Славољуб Срниќ наредниот ден ја добил првата меѓународна покана во кариерата.

Враќање во Црвена ѕвезда Белград На 31 август 2015 година, Срниќ се вратил во екипата на Црвена ѕвезда, потпишувајќи тригодишен договор. Тренерот на Црвена ѕвезда, Миодраг Божовиќ, преку целото лето инсистирал на враќање на Славољуб Срниќ. Вклучувајќи го и неговиот прв период во клубот, Срниќ го одиграл својот 100ти натпревар за екипата на Црвена ѕвезда Белград, на 7 мај 2018 година, во натпреварот против екипата на Војводина.

Лас Палмас На 29 јануари 2019 година, Славољуб Срниќ се преселил во странство за прв пат во својата кариера, откако се согласил на договор од две години и половина со тимот од Сегунда Дивизион, УД Лас Палмас. На 5 октомври наредната година, тој го раскинал договорот со клубот од Шпанија.

Репрезентација Срниќ бил повикан од страна на тренерот Радован Ќурчиќ да го замени повредениот Лазар Марковиќ во репрезенатцијата на Србија У21. Тоа се случило на 7 октомври 2013 година за квалификаците на УЕФА за Европското првенство У21 2015 година. На тој натпревар не успеал да влезе во игра и покрај директниот повик. Својот прв натпревар за репрезентацијата го одиграл на 9 септември 2014 година, во победата од 4:1 против селекцијата на Северна Ирска У21. На својот прв натпревар како стартер, Славољуб Срниќ успеал да постигне два гола.

Статистика во кариерата

Клупска статистика

+Натпревари, постигнати голови во различни клубови и различни сезониКлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариДруги натпреваариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиЦрвена ѕвезда од Белград2010–11Суперлига101000—20Сопот (како позајмен играч)2011–12Лига Белград288———288Чукарички2012–13 (loan)Прва Лига31820——3382013–14Суперлига28320——3032014–152986241—39112015–16610040—101Вкупно942010281—11223Црвена ѕвезда од Белград2015–16Суперлига2781000—2882016–172225160—3332017–1828431154—4692018–19912050—161Вкупно8615112264—12321Лас Палмас2018–19Сегунда Дивизион7100——712019–2027020——291Вкупно34120——361Црвена ѕвезда од Белград2020–21Суперлига1703010—210Вкупно во кариерата26044274355—32253

Признанија

Клупски признаија

Чукарички Освоен е Купот на Србија: 2014–15

Црвена ѕвезда од Белград Освоена е Српската Суперлига (3): 2015–16, 2017–18, 2020–21 Освоен е Купот на Србија: 2020–21

Наводи

Надворешни врски

Рана кариера во Србијафудбал. Славољуб Срниќ Статистика на Utakmica.rs

Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1992 година