Петар Шкундриќ (21 февруари 1947) е српски политичар. Тој е член на Социјалистичката партија на Србија, кој бил министер за енергетика и рударство од 2008 до 2011 година.

Образование и кариера Шкундиќ дипломирал и магистрирал и докторирал на Технолошко-металуршкиот факултет на Универзитетот во Белград.

Професор е на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград и почесен професор на Државниот институт за технологија во Санкт Петербург.

Тој е еден од основачите и првиот генерален секретар на Социјалистичката партија на Србија и бил пратеник на поранешната државна заедница на Србија и Црна Гора. Во моментов е член на УО на СПС.

На 7 јули 2008 година бил избран за министер за енергетика и рударство во Владата на Србија, на функцијата што ја извршувал до март 2011 година, кога ресорот бил поделен на министерствата за инфраструктура и за животна средина.Serbian Premier Proposes Smaller Cabinet, Shuffles Ministers

Тој бил исфрлен од Социјалистичката партија на Србија, откако неговиот син бил уапсен на антивладини протести во јули 2019 година. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ го нарекол тајкун.

Шкундриќ е оженет и татко на два сина.

Наводи

Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Политичари од Социјалистичката партија на Србија Категорија:Српски министри Категорија:Срби во Хрватска Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1947 година