Фудбалски клуб Олимпија Љубљана (словенечки: Nogometni klub Olimpija Ljubljana), познат како НК Олимпија Љубљана или едноставно Олимпија — поранешен словенечки фудбалски клуб со седиште во Љубљана. Клубот е основан во 1945 година под името НК Енотност и го усвоил името Олимпија во 1962 година.
Од средината на 1940-тите, Олимпија се натпреварувала во југословенскиот фудбалски систем и помеѓу доцните 1960-ти и доцните 1980-ти, Олимпија беше редовен член на југословенската прва лига. По независноста на Словенија во 1991 година, тие освоија четири првенства на Словенија и четири титули во Купот на Словенија, а исто така се појавија и во европските натпреварувања како што се Купот на УЕФА, УЕФА Куп на победниците на куповите и УЕФА Интертото куп.
Домашен терен на клубот бил стадионот Бежиград, стадион со капацитет од 8.211 седишта во округот Бежиград во Љубљана. Прекарите на Олимпија биле „Змејовите“ (Zmaji), бидејќи змејот е симбол на Љубљана, и „Зелено-белите“ (Zeleno-beli), што се однесува на нивните основни бои, зелената и белата.
Клубот е распаднат во 2005 година поради високи финансиски долгови. Клубот кој се смета за наследник на почестите и рекордите на Олимпија е основан во 2005 година и го носи името Олимпија Љубљана (првично наречен НК Бежиград) и моментално се натпреварува во словенечката прва лига.
Категорија:НК Олимпија Љубљана (1945–2005) Категорија:Фудбалски клубови од Југославија