Градот — населба и некропола од римското време во атарот на селото Горна Бошава, Македонија. Југоисточно од селото, на доминантно плато се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Откриена е и камена плоча со грчки натпис.
Поврзано Поглед — некропола од римското време; Скалите — утврдена населба од железното и доцноантичкото време; Горна Бошава; и Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко.
Наводи
Категорија:Горна Бошава