Дејан Стефановиќ (Врање, 28 октомври 1974) бил поранешен српски фудбалер, кој настапувал како стопер, но можел да игра и на други позиции во одбраната.

Фудбалска кариера Додека растел, омилен клуб на Дејан бил екипата на Милан, додека негов омилен играч на Милан бил дефанзивецот Милан Франко Барези. Фудбалската кариера ја започнал во родниот град во клубот наречен Динамо, пред да потпише договор со екипата на Црвена ѕвезда. Својот прв натпревар за репрезентацијата го имал на 20-годишна возраст, кога СР Југославија во месец јануари 1995 година играла против селекцијата на Хонгконг.

Во вториот дел од сезоната 1995/96, Стефановиќ и Ковачевиќ во пакет потпишале договор со англискиот клуб Шефилд Венсдеј. Дејан Стефановиќ го чинел англискиот клуб само 2 милиони фунти.

Во сезоната 1998/99, откако одиграл 72 натпревари, Стефановиќ бил ослободен од страна на клубот како слободен играч. Тој потпишал договор со составот на Перуџа.Но, не успеал во Италија, па истата година се вратил во Србија, овојпат во екипата на ОФК Белград.

По неколку месеци поминати во Белград, истата таа сезона се преселил во својот трет клуб, екипата на Витезе. Набрзо станал дел од првиот тим и поминал четири години во клубот, каде што во тој период станал и капитен на истиот. Во тој период екипата на Витезе одиграла шест натпревари од Купот на УЕФА.

На почетокот на сезоната 2003/04, тој се вратил во Англија, и тоа во новодојдениот клуб во Премиер лигата, составот на Портсмут. Сумата која му била исплатена била 1,85 милиони фунти. Тој на крајот на сезоната бил избран за најдобар играч на клубот. Овој избор го вршеле навивачите на тимот.

Влијанието на Стефановиќ врз претседателот (и сонародникот) Милан Мандариќ била важен фактор за отпуштањето на францускиот стручњак Перин и повторното назначување на тренерот Хари Реднап. Стефановиќ во наредниот период бил прекомандуван на позицијата на лев бек. На почетокот на сезоната 2006/07 бил столбот на одбраната, со што се покажало како одличен потег за екипата на Портсмут во текот на сезоната. Сепак, со доаѓањето на соиграчите Херман Храјџарсон и Силван Дистан во летото 2007 година, Дејан Стефановиќ го загубил местото во стартната екипа, а со тоа бил заменет и од капитенската позиција со соиграчот Сол Кембел за тековната сезоната 2007/08.

Во месец август 2007 година, екипата на Глазгов Ренџерс ги открила своите интереси за Стефановиќ, но тој потоа сепак потпишал за составот на Фулам од Лондон. Откако поминал помалку од една година на стадионот Крејвен Котиџ, тој на 18 јули 2008 година се преселил во екипата на Норич Сити, кога потпишал двегодишен договор. По дванаесет одиграни натпревари за популарните Канаринци, во кои заработил еден црвен картон, на Стефановиќ му пукнале лигаментите на коленото. Од тој момент не настапувал повеќе за тимот од стадионот Кароу Роуд.

Во месец август 2009 година било објавено дека Стефановиќ бил во преговори да го напушти составот на Норич. На 1 септември 2009 година, договорот му бил раскинат и тоа со заедничка согласност.

Александар Стефановиќ се пензионирал кон крајот на 2009 година поради тешката повреда на коленото. Тој сѐ уште живее во областа Портсмут. Во еден момент имал желба да раководи со фудбалскиот клуб Портсмут. На 7 октомври 2010 година, Стефановиќ им се приклучил на двоецот Хавант и Ватерлувил како играч, но и како тренер. Наредната година конечно ставил крај на фудбалската кариера.

Репрезентација Првиот повик за репрезентацијата го добил во 1995 година (земјата тогаш била позната како СР Југославија, а подоцна го променила своето име во Србија и Црна Гора). Тој имал одиграно вкупно 20 натпревари. Стефановиќ се повлекол од репрезентацијата во 2004 година.

Статистика Клупски перформансиЛигашки натпревариНационален КупЛига КупКонтинентални натпревариВкупноСезонаКлубЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиСрбијаЛигаКупЛига купКонтиненталниВкупно1992–93ФК Црвена ѕвездаСрпска Суперлига201993–941401994–95309АнглијаЛигаФА купЛига КупЕвропски натпревариВкупно1995–96ФК Шефилд ВенздејПремиер лига600000 - -601996–972921010 - -3021997-982020010 - -2121998–991102100 - -131ИталијаЛигаФудбалски куп на ИталијаЛига КупЕвропски натпревариВкупно1999–00ПеруџаСерија А00СрбијаЛигаКупЛига КупКонтиненталВкупно1999-00ОФК БелградСуперлига на Србија00ХоландијаЛигаКупЛига КупЕвропски натпревариВкупно1999-00ФК ВитезеЕредивизија1400000001402000–012710000002712001–022530000002532002–03271000060271АнглијаЛигаФА купЛига КупЕвропски натпревариВкупно2003-04ПортсмутПремиер лига3233020 - -3732004–053202020 - -3602005–062802010 - -3102006–072000000 - -2002007–08ФуламПремиер лига1302000 - -1502008–09Норич ситиВтора лига во Англија120ВкупноСрбија469Англија191712170002108Италија00Холандија944Вкупно во кариерата33120

Наводи

Надворешни врски

Профил на веб-страницата на фудбалската репрезентација на Србија Дејан Стефановиќ на „Минато, сегашност, иднина“ Профил на Дејан Стефановиќ Дејан Стефановиќ

Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Фудбалери на ФК Шефилд Веднесдеј Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Луѓе од Врање Категорија:Фудбалери на ФК Фулам Категорија:Српски фудбалери Категорија:Родени во 1974 година