Фудбалската репрезентација на Сенегал, позната и под прекарот "Лавовите на Теранга", го претставува Сенегал на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската федерација на Сенегал. Репрезентацијата го имала својот прв настап на Светските првенства на изданието во 2002 година и таму направила огромно изненадување победувајќи го бранителот на титулата, светскиот и европски првак, со 1-0 во воведниот натпревар на турнирот. Последователно, Сенегал стигнал до четвртфиналето на тој турнир, станувајќи само втората земја од Африка (после Камерун во 1990) која стигнала до оваа фаза на натпреварување која досега не ја има минато ниту една африканска репрезентација.

После 16 години чекање, репрезентацијата повторно се квалификувала на Светско првенство, правејќи го тоа на Мундијалот 2018 во Русија, каде настапот го завршиле уште во првата фаза.

Првиот настап на Африканскиот куп на нации, Сенегал го имал во 1965 година, кога како второпласирани во групата, загубиле со 1-0 од Брегот на Слоновата Коска во натпреварот за третото место. На Африканскиот куп на нации 1990, Сенегал уште еднаш завршил на четвртото место, а на првенството во 2002, тие за првпат се пласирале во финалето, во кое загубиле на пенали од Камерун. Откако загубиле уште едно финале, овојпат од во Африканскиот куп на нации 2019, Сенегал ја освоил својата прва титула на Африканскиот куп на нации, на изданието во 2021 година на кое во финалето го совладале по изведување на пенали.

Историја Репрезентацијата на Сенегал својот прв натпревар го одиграла 1959 година против Британска Гамбија (денешна Гамбија), и победила со 2-1. Фудбалската федерација на Сенегал е основана 1960 година, а членка на КАФ станала 1963 година, а година дена подоцна се приклучува во членството на ФИФА.

Првиот настап на завршниот турнир на Африканскиот куп на нации, репрезентацијата на Сенегал го забележала во 1965 година. Таму во групата играла против и ; во првиот натпревар против Тунис одиграле нерешено 0-0, за во второто коло убедливо да ја совладаат Етиопија со високи 5-1. Сепак, тоа било доволно само за второто место во групата, зад Тунис, што ги одвело на мегдан на Брегот на Слоновата Коска во натпревар за третото место, кој го загубиле со 0-1.

За првпат во својата историја Сенегал се квалификувал на едно Светско првенство, за првенството во 2002 година кое се одржало во Јапонија и Јужна Кореја. Во квалификациите за Светското првенство, Сенегал играл против Бенин во првата рунда, и победил со вкупен резултат 2-1. Во групната фаза од квалификациите играле против , , и . Првото место во групата било освоено со 15 бодови, колку што имал и второпласираниот Мароко, но пресудни за конечниот изглед на табелата биле меѓусебните дуели, во кои по ремито без голови во Рабат, Сенегал бил подобар од Мароко на домашен терен со 1-0 со голот на Ел Хаџи Диуф.

На Светското првенство 2002, Сенегал играл во групата А, заедно со репрезентациите на , и . После победата на отворањето над актуелниот шампион и бранител на титулата од претходното првенство, Франција, со која го шокирале целиот свет, Сенегал потоа ремизирал со Данска и Уругвај. Така, со 5 освоени бода, Лавовите на Теранга се пласирале во осминафиналето како втори во групата зад Данска. На 16 јуни 2002, Сенегал го одиграл својот осминафинален натпревар против Шведска; натпреварот бил решен во продолженијата кога напаѓачот на Сенегал, Анри Камара постигнал гол со кој и овозможил на својата репрезентација пласман во четвртфиналето. На 22 јуни 2002, сенегалците го завршиле учеството на Мундијалот после минималниот пораз со 1-0 од Турција.

Настапи на турнирите Настапи на Светските првенства Светско првенствоКвалификации за Светско првенствоГодинаРундаПозицијаСостави 1930Не учествувалеНе учествувале 1934 1938 1950 1954 1958 1962 1966 1970Не се квалификувале 3 1 0 2 2 4 1974 2 0 1 1 1 2 1978 2 0 1 1 1 2 1982 2 0 1 1 0 1 1986 2 1 0 1 1 1 1990Не учествувалеНе учествувале 1994Не се квалификувале 8 3 1 4 11 12 1998 2 0 1 1 2 3 2002 Четвртфинале 7. 5 2 2 1 7 6Состав 10 5 4 1 16 3 2006Не се квалификувале 10 6 3 1 21 8 2010 6 2 3 1 9 7 2014 8 3 4 1 11 8 2018 Групна фаза 17. 3 1 1 1 4 4Состав 8 5 3 0 15 5 2022To be determinedTo be determined 2026ВкупноЧетвртфинале2/2183321110—632622159056

Настапи на Африкански куп на нации Африкански куп на нацииГодинаРундаПозицијаСостави 1957Дел од 1959 1962Не биле членка на КАФ 1963 1965Четврто место 4.311152Состав 1968Групна фаза5.311155Состав 1970Не се квалификувале 1972 1974 1976 1978 1980Не учествувале 1982Не се квалификувале 1984 1986Групна фаза5.320131Состав 1988Не се квалификувале 1990Четврто место4.512233Состав 1992Четвртфинале5.310243Состав 1994Четвртфинале8.310223Состав 1996Не се квалификувале 1998 2000Четвртфинале7.411266Состав 2002Финалист2.642061Состав 2004Четвртфинале6.412142Состав 2006Четврто место4.620478Состав 2008Групна фаза12.302146Состав 2010Не се квалификувале 2012Групна фаза13.300336Состав 2013Не се квалификувале 2015Групна фаза9.311134Состав 2017Четвртфинале5.422062Состав 2019Финалист2.750282Состав 2021Шампиони1.743092Состав 2023To be determined 2025Вкупно1 титула16/33672717237856—

Играчи Моментален состав

! colspan="9" bgcolor="#B0D3FB" align="left" | |----- bgcolor="#00853F"

! colspan="9" bgcolor="#B0D3FB" align="left" | |----- bgcolor="#00853F"

! colspan="9" bgcolor="#B0D3FB" align="left" | |----- bgcolor="#00853F"

Статистика на играчите

Играчи со најмногу настапи Последна промена 18 февруари 2022. #ИмеРеп. кариераНастапиГоловиПозиција1 Анри Камара 1998–2008 99 29 2 Идриса Геј 2011–денес 91 7 3 Роже Менди 1979–1995 87 3 Садио Мане 2012–денес 87 29 5 Тони Силва 1999–2008 83 0 6 Шеиху Кујате 2012–денес 79 4 7 Жил Боканде 1979–1993 73 20 8 Ламин Диата 2000–2008 71 4 9 Ел Хаџи Диуф 2000–2008 70 24 10 Папа Буба Диоп 2001–2008 63 11

Играчи со најмногу постигнати голови Последна промена 18 февруари 2022. #ИмеРеп. кариераГоловиНастапиПозиција1 Садио Мане 2012–денес 29 87 Анри Камара 1999–2009 29 99 3 Ел Хаџи Диуф 2000–2008 24 70 4 Мамаду Ниjанг 2002–2012 20 54 Жил Боканде 1979–1993 20 73 6 Муса Со 2009–2018 18 50 7 Папис Сисе 2009–2015 17 36 8 Мамаду Диало 1989–1999 15 35 9Муса Конате 2012– 12 34 10 Сулејман Сане 1990–1997 11 23 Папа Буба Диоп 2001–2008 11 63

Селектори Селектори низ историјата

ПериодСелектор 1960-1961 Раул Диање 1961-1963 Жил Вандорен 1963–1965 Хабиб Ба и Либасе Диоп 1965–1968 Ламине Диак 1979-1982 Ото Пфистер 1982-1989 Папе Алиун Диоп 1989-1995 Клод Ле Рој 1995-2000 Петер Шнитгер 2000-2002 Бруно Метсу 2002-2005 Ги Стефан 2005-2006 Абдулаје Сар 2006-2008 Хенрик Касперчак 2008-2012 Амара Траоре 2012-2013 Жозеф Кото 2013-2015 Ален Жирес 2015-денес Алиу Сисе

Моментален тренерски штаб ПозицијаИме Селектор Алиу Сисе Асистент Жозеф Кото Втор Асистент Наби Траоре Тренер на голманите Тони Силва Тимски координатор Ламин Диата Физичка подоготовка Џибрил Јатар Media Officer Чире Сумаре Технички директор Мајасин Мар Тимски доктор Абдурахман Федиор

Титули Африкански куп на нации : 1 Камерун 2021

Наводи

Надворешни врски

Galsenfoot Сенегал на сајтот на ФИФА

Категорија:Фудбалот во Сенегал Сенегал