Гркови Садеви — населба и некропола од доцноантичкото време во атарот на селото Моклиште, Македонија. На 5 километри јужно од селото Ваташа, на десниот брег на реката Луда Мара се среќаваат грамади од градежен камен, тегули, имбрекси и фрагменти од керамички садови. Најдени се делови од архитектонска пластика, како и надгробни стели со грчки натписи. Наодите се чуваат во Музејот и галерија во Кавадарци.
Поврзано Валенција — некропола од доцноантичко време; Градиште — населба и некропола од доцноантичко време; Моклишко Кале — градиште од железно и доцноантичко време; Моклиште; и Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко.
Наводи
Категорија:Моклиште (село)