Бојан Матиќ (роден на 22 декември 1991 година) е српски професионален фудбалер кој игра на позицијата напаѓач. Моментално настапува за екипата на Војводина.

Клупска кариера

Почетните години Бојан Матиќ е роден во градот Зрењанин. Младинските категории ги минал во екипата на Јединство од Нови Бечеј. Во првиот тим се приклучил во 2008 година на 16 годишна возраст. Тој постигнал еден гол на осум натпревари до крајот на сезоната 2007/08 за клубот. Откако постигнал 6 гола на вкупно 15 натпревари во првата половина од сезоната 2009–10, Матиќ во 2009 година бил избран за најдобар млад спортист на градот Нови Бечеј. Тој бил прогласен и како еден од најважните играчи за клубот во избегнувањето на испаѓањето од лигата по крајот на сезоната. Матиќ вкупно на првиот тим бил член шест сезони додека истиот се натпреварувал во Војводинската лига Исток. Со 18 постигнати голови на 27 натпревари, Матиќ му помогнал на тимот да го освои првото место на натпреварувањето во сезоната 2012-13. Со тоа клубот станал член на српската лига на Војводина. Во летото 2013 година, тој го напуштил клубот и се приклучил на составот на Сента, помагајќи му на тимот да го заземе првото место на средината од сезоната. Подоцна, Матиќ се преселил на пробен период во екипата на Партизан, каде што постигнал неколку гола на неколку пријателски натпревари, но сепак не успеал да потпише договор со клубот. Во своите две сезони со екипата на Сента, Матиќ одиграл вкупно 52 натпревари и постигнал 25 гола. По краткиот период кон крајот на 2015 година, во составот на Земун, Матиќ на почетокот на 2016 година се приклучил на екипата на Лозница. Во составот на Лозница одиграл седум натпревари, и тоа најмногу како резервен избор и притоа постигнал вкупно три гола.

Мачва Шабац Во летото 2016 година, Бојан Матиќ потпишал договор со екипата на Мачва од Шабац. На првиот свој натпревар за новиот клуб тој постигнал гол на натпреварот против тимот на Слобода од Ужице. Тој постигнал вкупно осум голови во првата половина од сезоната и уште шест дополнителни во втората половина, завршувајќи како втор најдобар стрелец во лигата, веднаш зад играчот Урош Ѓериќ. Бил вклучен во најдобрите единаесет играчи од сезоната 2016–17 во Првата лига на Србија. Изборот го направил српскиот весник Спортски журнал. На 29 јули 2017 година, Матиќ го постигнал својот прв гол во сезоната 2017-18 во српската Суперлига во победата од 1:0 над неговиот поранешен клуб, екипата на Земун. Со тоа тој и ги обезбедил на екипата на Мачва првите бодови во историјата на клубот како колектив кој е член на највисоката лига на српскиот фудбал. Бојан Матиќ на наредниот натпревар постигнал два гола во победата од 4:0 на гостински терен, кај екипата на Јавор од Ивањица, по што бил избран за играч на седмицата во домашното натпреварување. Откако во месец август 2017 година постигнал вкупно пет гола на четири натпревари, Бојан бил избран за играч на месецот во српската Суперлига.

ФК Сеул На 17 јули 2018 година, Бојан Матиќ потпишал договор со траење од една година и половина со екипата на ФК Сеул од корејската К Лига 1.

На 24 јануари 2019 година, договорот на Матиќ со ФК Сеул бил раскинат со заедничка согласност.'마티치 결별' 서울, 외국인 공격수 바꾼다…페시치 협상 본격화

Војводина На 8 февруари 2019 година, Матиќ потпишал двегодишен договор со составот на Војводина. Кон крајот на месец јули 2019 година, Бојан го продолжил договорот со екипата на Војводина до крајот на месец јуни 2021 година.

Статистика во кариерата

Клупска статистика

+Одиграни натпревари и постигнати голови за различни екипи и во различни сезониКлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариОстанати натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиЈединство од Нови Бечеј2007–08Лига Исток на Војводина81———812008–09293———2932009–103014———30142010–112821———28212011–12134———1342012–132718———2718Вкупно13561———13561Сента2013–14Српска Лига на Војводина2714———27142014–152511———2511Вкупно5225———5225Земун2015–16Српска Прва Лига3020——50Лозница2015–1672———72Мачва од Шабац2016–172714———27142017–18Српска Суперлига341130——3711Вкупно612530——6425ФК Сеул2018K Лига 19120——111Војводина2018–19Српска Суперлига14400——1442019–2018910——199Вкупно321310——3313Партизан2019–20Српска Супрлига10331——1342020–21800010—90Вкупно1833110—224Атромитос(како позајмен играч)2020–21Супер Лига на Грција17020——190Пактакор2021Узбекистанска Супер Лига12240——162Војводина2021–22Српска Суперлига100000—10Вкупно во кариерата3471321711000365133

Признанија

Јединство од Нови Бечеј Освоена е Лигата Исток на Војводина: 2012–13

Мачва од Шабац Освоена е Српската прва лига: 2016–17

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1991 година