десно|мини| Расински Округ Расински Управен Округ — округ кој се наоѓа во јужниот дел на Република Србија. Има вкупно население од 240.463 жители (Попис 2011 г.). Седиштето на округот е во градот Крушевац.

Во Крушевац и околината има неколку културно-историски споменици: Лазарев Град, со остатоци од средновековна тврдина и црквата Лазарица, е епска градба во српската традиција. Црквата Лазарица посветена на Св. Стефан е прототип на Моравското училиште, а изградена е во 1376 година. по повод раѓањето на Лазаровиот син Стефан.

Кула Донжон, воено утврдување на средновековен град, сведоштво е за големото културно и историско наследство на српскиот народ.

Манастирот Љубостиња го основала принцезата Милица, сопругата на Лазар, на крајот на 14 и почетокот на 15 век, по битката за Косово, кога таа решила да се повлече како владетел и да ги собере вдовиците на српските владетели убиени на Косово. Љубостиња од првиот ден имала културна улога. Тука биле донесени истакнати летописци, препишувачи, мајстори за украсни книги и сликари.

Административна поделба Расинккиот Округ опфаќа еден град и пет општини. Име Грб Население (2011) Град Крушевац50п 131.368 Општина Александровац50п 26.522 Општина Брус50п 16.317 Општина Варварин50п 17.966 Општина Трстеник50п 42.966 Општина Ќиќевац50п 9.476

Демографија

Според официјалниот попис од 2011 година, Расинскиот Округ имал 241.999 жители. 53,8% од населението живееле во урбани подрачја. Етнички состав на округо: Етничка група Жители%Срби232.55296,10%Роми3.2651,35%Црногорци4440,18%Македонци3010,12%Хрвати1750,07%Југословени1280,05%Власи1220,05%Други5.0122,07%Вкупно241.999

Наводи

Надворешни врски Расински округ Расински интернет портал Сеоски туризам у Расинском округу

Категорија:Управни окрузи во Србија