мини| Косовски Албанци бунтовници контролираат пат во Косово, 1920-ти Качаци () — поим што се користи за албанските бандити кои биле активни кон крајот на 19 и почетокот на 20 век во северна Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија, а подоцна и како термин за милициите на албанските револуционерни организации против Кралството Србија (1910– 18) Кралство Југославија (1918–24), наречено „Качачко движење“.
Етимологија Зборот е изведен од турскиот збор kaçmak за „одметник“.
Историја 1920–24 Качачко движење Комитетот за национална одбрана на Косово () е создаден во Скадар, под Хасан Приштина, во 1918 година. Комитетот организациски и финансиски ги подржувал качаците во областите населени со Албанци на Југославија, во Косово и Скопје (поранешен Косовски Вилает). Качаци дејствувале и околу Охрид и Битола. На 6 мај 1919 година Комитетот повика на општо востание во Косово и во другите области населени со Албанци во Југославија. Качаците биле популарни меѓу Албанците, а локалната поддршка за нив се зголемила во 1920-тите кога Хасан Приштина стана пратеник во албанскиот парламент, Хоџе Кадриу стана министер за правда, а Бајрам Цури стана министер за војна (1921). Сите тројца биле косовски Албанци. За тоа време, косовските Албанци под команда на Азем Галица започнале вооружена борба, позната и како „Качачко движење“, бунт од големи размери во Дреница во кој учествувале околу 10.000 луѓе под Галица. Востанието било задушено од југословенската војска. Вооружените конфликти меѓу југословенската војска и качаците се случиле во годините 1920 и 1921 година, 1923 година, со заживување во 1924 година. Едно од достигнувањата било создавањето на „неутрална зона“ околу Јуник која ќе послужи за загрозување на границата и обезбедување муниција и друга логистичка поддршка за качаците.
Наследство Тие се широко прикажани во албанскиот фолклор. Албанските колаборационисти во Југославија за време на Втората светска војна биле познати и како Качаци.Hans-Christian Petersen, Samuel Salzborn (2010). Antisemitism in Eastern Europe: History and Present in Comparison. Bern: Peter Lang p. 97.
Забележителни луѓе
Бајрам Цури (1862–1925) Азем Галица (1889–1924) Ќериме Шоте Галица (1895–1927) Зеф Кол Ндока (1883-1924) Хисни Кури (?-1925) Ајет Сопи Блата Аган Која Мехмет Паше Дерала Сали Бутка Осман Така Аслан Кури Идриз Сефери Бајрам Балота Садик Рама Иса Болетини Јусуф Мехоња
Наводи
Категорија:Албански сепаратизам Категорија:Албански револуционери Категорија:Косовски Албанци Категорија:Албанска култура Категорија:Албански национализам Категорија:Историја на Косово Категорија:Отоманска Македонија Категорија:Отоманска Србија Категорија:Отоманска Албанија