Џиро д’Италија 2021 (позната и како Трка околу Италија 2021) — 104. издание на велосипедската голема трка Џиро д’Италија, која се одржала помеѓу 8 и 30 мај 2021 година. На 26 мај 2019 година, организаторите на трката RCS Sport првично објавиле дека почетокот на Џиро 2021 ќе биде на Сицилија, Италија. Меѓутоа, на 4 февруари 2021 година, RCS Sport објавиле дека трката наместо тоа ќе започне во Торино, додека остатокот на трката била објавена на 24 февруари 2021.

Трката била освоена од Еган Бернал од , кој го освоил првото Џиро и негова втора победа на голема трка. Станал втор Колумбиец кој освоил Џиро откако Наиро Кинтана го направил истото во 2014 година. Првпат ја презел розовата маичка кога ја освоил завршницата на чакал на Кампо Феличе на деветтата етапа. Продолжил да го зголемува своето водство во втората седмица, кулминирајќи со победа на скратената кралска етапа до Кортина д’Ампецо. И покрај потешкотиите во последната седмица, тој имал доволна предност за да ја потврди победата во Милано. Победил со разлика 1' 29" пред Дамијано Карузо од . Кога настапил на трката, Карузо првично требало да биде помошник на неговиот првобитен предводник на екипата, Микел Ланда. Откако Ланда паднал на петтата етапа, Карузо ја презел честа да биде предводник на екипата. Карузо продолжил да има високи пласмани на планинските етапи пред да ја освои последната планинска етапа до Алпе Мота. Последното место на подиумот го заокружил Сајмон Јејтс од , 4' 15" пред Бернал. Откако постојано губел време во првите две седмици, Јејтс имал добра форма во третата седмица, што довело да освои етапа на завршницата до Алпе ди Мера.

Во другите пласмани на трката, Петер Саган од го освоил бодовниот пласман. Првпат ја облекол маичката по победата во спринтот на десеттата етапа. Жофри Бушар од го освоил планинскиот пласман, откако освоил максимални бодови на првите искачувања на етапите. Како последица на освојувањето на розовата маичка, Бернал исто така го освоил и пласманот за млад возач, како најдобро пласиран возач под 25 години. Дрис де Бонт од ги освоил пласманот за среден спринт и борбениот пласман, додека Симон Пело од го освоил пласманот за бегства како возач кој имал најмногу поминати километри во бегство. Во екипниот пласман, го освоиле пласманот Брза Екипа откако нивните тројца возачи имале најмало вкупно време, додека го освоиле пласманот „добра игра“ како една од трите екипи кои немале казни на целата трка. Тие го освоиле пласманот, бидејќи Карузо го имал второто место во генералниот пласман.

Екипи

Бидејќи Џиро д’Италија е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Дополнително, четири професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 23 екипи. , најдобрата континентална екипа во 2020 година, добила автоматска покана, додека останатите три екипи биле одбрани од RCS Sport, организаторот на Џиро. и ја продолжиле својата низа на специјални покани на трката, додека го имале својот прв настап на некоја голема трка. Екипите биле објавени на 10 февруари 2021 година.

На 15 април 2021 година, по позитивни допинг-тестови за Матео Спреафичо и Матео де Бонис, го повлекла своето учество од трката. Поради тоа, вообичаената поканета екипа , која учествувала на последните три изданија на Џиро, но ја пропуштила поканата, биле повикани во последен момент.

Фаворити пред трката

Фаворити пред трката била првакот на Тур де Франс 2019, Еган Бернал (), и Сајмон Јејтс (), кој ја освоил подготвителната трка, Трка на Алпите. Нивен главен предизвикувач би бил Ремко Евенепул (), и покрај тоа што не се тркал по падот на Џиро ди Ломбардија 2020. Други главни кандидати биле Хју Карти (), по неговото трето место на Вуелта а Еспања 2020, Микел Ланда кој завршил на подиум (), Емануел Бухман (), Александар Власов (), Павел Сиваков () и двајца носители на розовата маичка од изданието во 2020 година - Жоао Алмеида () и Џеј Хиндли (), второпласиран во 2020 година. Повеќекратниот освојувач на големи трки Винченцо Нибали исто така ја започнал трката, но бидејќи неодамна се опоравил од повреда, не бил споменат помеѓу фаворитите.

Возачи за кои се верувало дека имаат можност за победи на спринтерските етапи биле Кејлеб Јуан (), Петер Саган (), Дилан Груневеген (), Фернандо Гавирија (), Елија Вивијани (), Џакомо Ницоло () и Тим Мерлиер ().

Рута и етапи

Целосната рута составена од 21 етапа на растојание од 3.479,9 километри и искачување од над 47.000 метри, била објавена од RCS Sport на 24 февруари 2021 година. На трката биле предвидени два поединечни хронометри во Торино и Милано, соодветно. Имало шест завршници на врвови, од кој првиот бил на шестата етапа до Асколи Пичено. Завршниците на врвови го вклучувале и озлогласениот Монте Ѕонколан на етапата 14 и три на последните пет етапи. Имало исто така шест етапи означени за спринтерите и два дена за одмор, по десеттата и шеснаесеттата етапа.

Иако етапата 16 до Кортина д’Ампецо не завршувала на врв, првично била означена како кралска етапа од организаторите на трката, бидејќи возачите ќе искачеле над 5.700 метри, додека на превојот Пордои требало да се додели наградата Чима Копи на првиот возач кој ќе го премине највисокото искачување на трката. Меѓутоа, поради лошите временски услови, етапата била изменета и биле отстранети Пордои и Федаја, значително скратувајќи ја и оставајќи го превојот Џау како единствено искачување на Доломитите. Со отстранувањето на превојот Пордои, на превојот Џау се доделила наградата Чима Копи на трката.

Етапата 19 била исто така изменета три дена пред да се одржи. На првобитната рута возачите требало да го искачат Мотароне и да се спуштат во Гињезе, меѓутоа по несреќата на жичницата Стреза-Мотароне, рутата била изменета во чест на настраданите. Етапата била скратена за 10 километри.

Поредок

+ Поредок по етапа Етапа Победник Генерален пласман25п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Бодовен пласман25п Планински пласман25п Пласман за млад возач25п|link=Пласман за млад возач на Џиро д’Италија Трофеј Супер екипа Пласман на средни спринтови Награда за борбеност Пласман за бегство Пласман „добра игра“ 1 Филипо Гана Филипо Гана Филипо Гана недоделена Филипо Гана недоделена Филипо Гана недоделена 2 Тим Мерлиер Тим Мерлиер Винченцо Албанезе Филипо Гана Филипо Талјани 3 Тако ван дер Хорн Симон Пело Винченцо Албанезе 4 Џо Домбровски Алесандро Де Марки Џо Домбровски Атила Валтер Алесандро Де Марки 5 Кејлеб Јуан Џакомо Ницоло Филипо Талјани Симон Пело 6 Џино Медер Атила Валтер Џино Медер Џино Медер 7 Кејлеб Јуан Кејлеб Јуан Симон Пело Симон Пело Симон Пело 8 Виктор Лафеј Тим Мерлиер 9 Еган Бернал Еган Бернал Жофри Бушар Еган Бернал 10 Петер Саган Петер Саган 11 Мауро Шмид 12 Андреа Вендраме Дрис де Бонт 13 Џакомо Ницоло Умберто Маренго Симон Пело 14 Лоренцо Фортунато 15 Виктор Кампенертс Дрис де Бонт 16 Еган Бернал 17 Даниел Мартин Дрис де Бонт 18 Алберто Бетиол 19 Сајмон Јејтс 20 Дамијано Карузо 21 Филипо Гана На крај Еган Бернал Еган Бернал Дрис де Бонт Симон Пело

На втората етапа, Едоардо Афини, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел циклама маичката, бидејќи првопласираниот Филипо Гана ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. Бидејќи Гана и Афини биле исто така првите двајца возачи во пласманот за млад возач, Тобијас Фос, кој бил трет во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка. На третата етапа, Едоардо Афини, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Фили Гана ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. Од истата причина, Тобијас Фос ја носел белата маичка на четвртата етапа. На шестата етапа, Винченцо Албанезе, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел сината маичка, бидејќи првопласираниот Џо Домбровски не ја започнал етапата по пад и подоцнежна повреда на петтата етапа. На етапите 7–9, Ремко Евенепул, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Атила Валтер ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. На етапите 10 и 11, Евенепул продолжил да ја носи белата маичка, но тогаш Еган Бернал бил предводник на генералниот пласман. Од истата причина, Александар Власов ја носел белата маичка на етапите 12–21.

Пласмани

+ЛегендаГо означува предводникот на генералниот пласманГо означува предводникот на планинскиот пласманГо означува предводникот на бодовниот пласманГо означува предводникот на пласманот за млад возач

Генерален пласман

Бодовен пласман

+ Завршен бодовен пласман (1–10) Место Возач Екипа Бодови 1 20п 136 2 118 3 116 4 86 5 20п 20п 80 6 71 7 61 8 60 9 59 10 57

Планински пласман

+ Завршен планински пласман (1–10) Место Возач Екипа Бодови 1 20п 184 2 20п 20п 140 3 99 4 83 5 61 6 54 7 53 8 52 9 49 10 46

Пласман за млад возач

+ Завршен пласман за млад возач (1–10) Место Возач Екипа Време 1 20п 20п 86ч 17' 28" 2 + 6' 40" 3 + 7' 24" 4 + 7' 24" 5 + 11' 44" 6 + 45' 30" 7 + 47' 31" 8 + 1ч 49' 05" 9 + 2ч 01' 12" 10 + 2ч 03' 30"

Екипен пласман

+ Завршен екипен пласман (1–10) Место Екипа Време 1 259ч 30' 31" 2 + 26' 52" 3 + 29' 09" 4 + 33' 05" 5 + 1h 15' 12" 6 + 1h 27' 09" 7 + 1h 28' 18" 8 + 1h 37' 51" 9 + 1h 51' 05" 10 + 1h 54' 04"

Пласман на средни спринтови

+ Завршен пласман на средни спринтови (1–10) Место Возач Екипа Бодови 1 70 2 64 3 53 4 32 5 30 6 23 7 21 8 21 9 18 10 16

Награда за борбеност

+ Завршен пласман за борбеност (1–10) Место Возач Екипа Бодови 1 53 2 20п 20п 51 3 39 4 36 5 20п 32 6 31 7 31 8 26 9 22 10 21

Пласман за бегства

+ Завршен пласман за бегства (1–10) Место Возач Екипа Километри 1 783 2 648 3 414 4 368 5 355 6 281 7 274 8 224 9 196 10 169

Пласман „добра игра“

+ Завршен пласман „добра игра“ (1–10) Место Екипа Бодови 1 0 2 0 3 0 4 20 5 20 6 20 7 30 8 50 9 50 10 50

Наводи

Извори

Надворешни врски

Категорија:Џиро д’Италија

Категорија:Италија во 2021 година Категорија:Светска турнеја на UCI 2021