Спортски Парк Домжале (словенечки: Športni park Domžale) — фудбалски стадион во Домжале, Словенија. На него игра фудбалскиот клуб Домжале. Стадионот, кој е изграден во 1948 година, моментално собира 3.100 гледачи. Стадионот бил реновиран и модернизиран во 1997 и 1999 година. Во јуни 2006 година стадионот доби рефлектори, монтирани на четири бетонски кули и поставени на секој агол од стадионот.

Наводи

Категорија:НК Домжале Категорија:НК Радомље Категорија:Фудбалски стадиони Категорија:Стадиони Категорија:Стадиони во Европа