Попови Ниви — некропола од доцноантичкото време во атарот на селото Дреново, Македонија. На 500 метри североисточно од селото, на коса падина што се спушта кон селото се откриени повеќе гробови со конструкција од камени плочи и насока североисток-југозапад. Во еден од гробовите се најдени два керамички сада, стаклени мониста и две обетки од сребро. Се чуваат во Народниот музеј во Велес.
Поврзано Дрмата — населба од доцноантичко време; Дреново; и Список на археолошки наоѓалишта во Велешко.
Наводи
Категорија:Дреново (Велешко)