Соколовец - Лисичји Дол — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Преод. Претставува населба и некропола од доцноантичкото време.
На 500 м западно од селото, под самиот рид се среќаваат грамади од градежен материјал, а по површината на нивите фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и имбрекси. Во лозјето на Киро Димков се откриени камени плочи од гробни конструкции – тип циста. Во еден од гробовите биле најдени стаклена чаша и еден керамички сад. Предметите не се зачувани.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 357-358, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано
Преод; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско.
Наводи