Тахумулко ― голем стратовулкан во департманот Сан Маркос во западна Гватемала. Тој е највисоката планина во Средна Америка со 4.203 метри. Тој е дел од планинскиот венец Сиера Мадре де Чијапас, кој започнува во најјужната мексиканска држава Чијапас."Tajumulco Volcano." Britannica Library, Encyclopædia Britannica, 27 февруари 2012. Пристапено на 24 февруари 2022

Опис Тахумулко е составен од андезитско дацитски лави на врвот на голем гребен од непознато потекло. Има два врва, од кои едниот има кратер широк 50-70 метри. Тек на лавата од северозападниот врв се спушта во стрмна долина на истата страна на вулканот.

Историјата на избувите на вулканот е нејасна и не е познат датумот на неговиот последен избув. Извештаите од 18 и почетокот на 19 век тврдат дека се забележани избуви, но тие не се сметаат за веродостојни.

Регионот околу Тахумулко е релативно ретко населен. Најблискиот град е Сан Маркос, кој се наоѓа на 14 километри на југоисток. Иако е ретко посетен, вулканот можете да го искачите за околу пет часа од селото Туичан. Погледот е променлив бидејќи областа е често покриена со магла и облаци.

Поврзано

Список на планински врвови на Северна Америка Список на планински врвови на Средна Америка Список на вулкани во Гватемала Список на висински екстреми по земја

Наводи

Литература

Надворешни врски

Категорија:Највисоки точки на земјите Категорија:Планини во Гватемала Категорија:Координати на Википодатоците