Дорнум () — општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа близу брегот на Северното Море, околу 15 километри источно од градот Норден и 20 километри северно од окружниот град Аурих.

Географија Местоположба

Општината е најсевероисточната општина на копното од округот Аурих во Источна Фризија и се наоѓа непосредно на Северното Море. Се граничи на север со Ваденското Море, кое влегува како дел од Националниот парк Долносаксонско Ваденско Море прогласено за природна заштита во јуни 2009 година.nationalpark-wattenmeer.de: Niedersächsisches Wattenmeer, abgerufen am 2. September 2012.

Административното седиште се наоѓа околу дванаесет километри западно од градот Езенс во соседниот округ Витмунд и шеснаесет километри североисточно од градот Норден. Окружниот град Аурих се наоѓа околу 21 километар јужно од местото. Дорнум се наоѓа на границата на историските области Нордерланд и Харлингерланд: додека поголемиот западен дел со главното место припаѓаат на Нордерланд, помалиот источен дел припаѓа на Харлингерланд.

Со 76,78 квадратни километри, Дорнум е втора најмала општина во округот Аурих по Балтрум и е најмала општина на источнофризиското копно.

Соседни општини

Општината се граничи на север со Северното Море. Од брегот се гледаат островите Нордернај на северозапад, Балтрум на север и Лангеог на североисток. Бидејќи Дорнум се граничи со три општински заедници, број на соседни општини на копното е голем. На исток се граничи со Езенс и Холтгаст (обете во општинската заедница Езенс), на југ се граничи со Охтерзум, Утарп, Швајндорф, Вестерхолт и Нендорф (Витмунд) (сите во општинската заедница Холтрим). Сите споменати општини се наоѓаат во округот Витмунд. На југозапад се граничи Дорнум со Гросхајде, на запад со Хаге и Хагермарш (обете во општинската заедница Хаге) во округот Аурих.

Општински единици

Кон општината покрај истоименото место Дорнум припаѓаат и следниве единици:

Дорнумергроде Дорнумерзил Несе Несмерзил Рогенштеде Швитерзум Вестдорф (со Остдорф) Вестеракум Вестеркумерзил Вестербур (со Миделсбур)

Кон овие места припаѓаат и други помали места.

Знаменитости

Во Дорнум се наоѓа лутеранската црква „Св. Вартоломеј“, во која се наоѓаат оргули од Герхард фон Холи. Во местото се наоѓа единствената зачувана синагога во Источна Фризија.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Аурих (округ) Категорија:Населени места во Источна Фризија