Св. Спас — археолошко наоѓалиште во скопското село Матка, Општина Сарај. Претставува градиште - викус од римското и доцноантичкото време.

Се наоѓа на околу 1,5 км јужно од селото, на високите карпи на излезот од клисурата на реката Треска. На самиот врв има плато со големина од 10 x 130 м, опкружено со одбранбен ѕид, на кое се гледаат темели од повеќе објекти, а се среќаваат фрагменти од керамички садови и мермерни блокови од раноантички храм. Исто така се гледаат темели, столбови, бази, импости и други материјали од старохристијанска базилика.

Поврзано

Список на археолошки наоѓалишта во Скопско

Наводи