Благоја Аџиев ( во , Леринско — во ) — македонски партизан, борец за националните права на Македонците во Егејска Македонија, учесник во НОВ и во Граѓанската војна во Грција.
Животопис Потекнувал од сиромашно семејство. Иако завршил само основно училиште, важел за паметна и енергична личност. Уште од 1943 година влегол во редовите на ЕПОН и активно учествувал во националната борба за слобода, борејќи се против нацистичката окупација. Со неговата активност во организирањете на работата и со влијанието што го имал кај помладите и кај постарите селани, станал секретар на ЕПОН за родното село, а подоцна бил избран за член на суровичкиот регионален совет на ЕПОН.
Во 1944 година, станал член на грчката комунистичка партија. По договорот од Варкиза тој продолжил да работи илегално за ЕПОН и во 1946 година преминал во редовите на ДАГ. Учествувал во многу битки на ДАГ каде што се истакнал со храброст. Благоја долго време бил дел од партизански групи од Суровичево и Кајларско.
Во декември 1948 година се нашол опкружен од голема грчка монархофашистичка војска во Кајларско. По неколкучасовна херојска битка, непосредно пред да снема куршуми, решава да се самоубие.
Наводи
Категорија:Македонски борци Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонци во Грчката граѓанска војна Категорија:Самоубијци