мини|десно|250п|Австроунгарска карикатура од периодод пред Првата светска војна, која прикажува рака која го смачкува Србинот. Текстот од карикатурата гласи „Србија мора да умре“. Србофобија или антисрпство во најопшта смисла е поим кој означува ксенофобија, непријателство, одбивност и омраза кон Србите, Србија и српската култура. Како термин е релативно нов и се јавува кон почетокот на XX век. Една од најстарите анти-српски фрази е среќава уште во 1914. во Виена, на почетокот на Првата светска војна: Alle Serben müssen sterben или Serbien muß sterbien

Србофобијата како процес станува актуелна за време, и по распадот на СФРЈ. За време на Југословенските војни пропагандата против Србите и Србија зема силен замав како резултат на одредени националистички политики. Како и да е, за афирмацијата србофобијата голем удел има и самата српска политика во овој период.

Како најчести примери на србофобија се посочуваат: Геноцидот на Србите во концентрациониот логор „Јасеновац“. Прогонот на Србите од Хрватска по воената операција „Луња“ во август 1995. Ословувањето на Србите и сè српско со термини како „четници“, „четничко“ и сл.

Поврзано Србофилија Србоманија Антисемитизам Ксенофобија Албанофобија

Извори

Категорија:Предрасуди Категорија:Дискриминација Категорија:Српска култура