„Невини луѓе со валкани раце“ (француски: Les innocents aux mains sales) — француско-италијанско-германски филм од 1975 година, режиран од Клод Шаброл (Claude Chabrol), кој е автор и на сценариото, засновано врз романот „Проколнатите невини луѓе“ (The Damned Innocents) на Ричард Нили (Richarda Neely).HRT, Nedužni ljudi prljavih ruku, francusko-talijansko-njemački film (пристапено на 28.2.2022)

Синопсис Луј е богат човек кој живее повлечен живот во Сен-Тропе, заедно со младата сопруга Жили. Тој има болно срце, но и покрај тоа, премногу пие алкохол. Двајцата сопружници спијат во посебни соби. Жили го запознава писателот Џеф и започнува љубовна врска со него. Набргу, тие прават план: таа да го заспие Луј, Џеф да го фрли неговото тело во вода и потоа да побегнат во Италија. Меѓутоа, Џеф исчезнува, заедно со парите од Луј. Така, таа останува без сопругот, без љубовникот и без пари, а истовремено полицијата се сомнева дека таа го извршила убиството...

Наводи

Категорија:Француски филмови Категорија:Германски филмови Категорија:Италијански филмови Категорија:Филмови од 1975 година Категорија:Филмови на француски јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Париз Категорија:Филмови на Клод Шаброл Категорија:Филмови со Роми Шнајдер Категорија:Филмови на Род Стајгер Категорија:Филмови засновани на романи