мини|Јановденче Јановденче () е повеќегодишно тревно растение. Базионимот на ова растение е Asperula odorata. Цветниот период е од мај до јуни.
Опис Стеблото е исправено, високо до половина метар, без влакна. Листовите се во облик на прст, од 6 до 8 листови содржат. Обликот на листот е ланцелатен, со трн на врвот, не назабени, неподвижни, со големина од неколку сантиметри. Цветовите се многу мали, бели, со интензивен мирис и се организирани во групирани соцветија . Бројот на прашниците е 4. Семето е со поделени плодови, составени од 2 плодници со бројни влакна.
Ареал распрострањења Се наоѓа во Европа, некои области на Азија и Северна Америка.
Живеалиште Густи шуми, со многу хранливи материи.
Потекло на името Името Галиум потекнува од зборот гала, односно млеко на грчки јазик, бидејќи ова растение се користело како средство за добивање млечни производи, додека odoratum, латинска придавка, значи мирисна.
Употреба и лековитост Сувото растение се користи како зачин. Се користи и како диуретик, антисептик и против мигрена. Семето може да се користи за правење пијалаци. Јановденчето во народната медицина народот го употебувал против астма, кашлица, бронхитис и грип. Ја користеле и како средство за подобрување на апетитот, за болести на жолчката и црниот дроб. Се користела и како лек за несоница, хистерија, мигрена и друго.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Јановденче во Ботаничката градина во Мисури
Категорија:Еноец Категорија:Лековити растенија Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Приземни растенија Категорија:Билки