Родна Величковска (, ) — македонски етномузиколог, мелограф и научен соработник, истражувач на вокалната народна музика.

Животопис Завршила средно музичко училиште и Факултет за музичка уметност во Скопје. Магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Белград на тема „Жетварско певање у Македонији” во 2006 година, докторирала на тема „Музичките дијалекти во македонското традиционално народно пеење – обредно пеење”. Првин била стручен соработник-мелограф на вокалната народна музика (1980), а потоа асистент (2000) и научен соработник (2007) во Одделот за народна музика.

Наводи

Категорија:Македонски етномузиколози Категорија:Апсолвенти на Факултетот за музичка уметност - Скопје Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет