Куќа на Софка Шутева — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура.
Историја Објектот е типичен претставник на староградската охридска архитектура, изграден е во XIX век и изворно сочуван. Куќата е изградена на специфична локација, на терен во пад и е карактеристичен пример на органска архитектура што произлегува од конфигурацијата на теренот. Објектот претставува дел од низа станбени објекти на улицата и поседува архитектонска и споменичка вредност, како еден од ретките изворно сочувани добра во рамките на комплексот “Месокастро”.
Архитектура Куќата е со катност од приземје и еден кат, изграден од природни материјали, карактеристични за епохата. Приземјето е изведено од камен, малтерисано, а катот е од дрвена бондручна конструкција, малтерисан. Подната, меѓу катната и кровната конструкција се дрвени, а покривањето е со стара турска ќерамида. Катот на објектот е еркерно исфрлен и потпрен со карактеристични дрвени косници, на фасадата се забележливи дрвени опшиви, а прозорците се со стилски обележја карактеристични за XIX век, изведени на принцип “гиљотина”, со вертикално поместување. Куќата има профилирана стреа и мошне специфична сина боја на фасадата.
Поврзано
Културно наследство на Македонија во Општина Охрид
Наводи
Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Охрид Софка Шутева Софка Шутева