Куќа на Димзови — стара куќа во градот Охрид прогласена за културно наследство на Македонија.

Местоположба Куќата се наоѓа во маалото Варош, на улица „Илинденска“ бр. 41 (стара адреса: „Маршал Жуков“ бр. 38), северно од црквата „Св. Варвара“. На југ е залепена за Куќата на Бојаџиеви, која исто така е споменик на културата.

Архитектура Градбата е слободно поставена во сопствен двор. Изградена е од богат сопственик за време на економскиот расцут на градот во XIX век. Се состои од приземје, релативно низок прв кат и претставителен втор кат. Претставува братска куќа со изразена симетрија по вертикалата. Фасадите се богато украсени со карактеристични еркерни издатоци на катовите, потпрени со косници и вути, богато профилирана стреа, хармоничен ритам на прозорците, дрвени опшиви на фасадата и околу прозорците. Попретставителна е фасадата кон улицата „Илинденска“. Приземјето е од фугиран камен, а катовите се бондручни. Меѓукатната и покривната конструкција се дрвени, а покривот е од турски ќерамиди.

За разлика од Куќата на Бојаџиеви, внатрешноста на оваа куќа не е зачувана поради многуте преправки од поголем број сопственици. Иако се правени разни промени на надворешноста, внатрешниот изглед сепак е релативно добро зачуван.

Поврзано Ѓорѓи Димзо Културно наследство на Македонија во Општина Охрид

Наводи

Димзови Димзови