Љубов во Офсајд е втората хрватска теленовела снимена во продукција на Ава Продукција. Ава започна со подготовките за оваа серија во јануари 2005 година ( во текот на снимањето на Вила Марија ) . Серијата е снимана во 175 епизоди, и имаше огромен успех на Балканот.

Синопсис Серијата започнува 25 години подоцна, кога сите се во Загреб. Главната приказна се одвива помеѓу двајца млади, фудбалерот Марко Марушиќ и сликарката Нина Радиќ, чија прва средба беше кавга. Нина Радиќ доаѓа од богата фамилија, ќерка на стопанственикот Франко Фишер и главна уредничка на магазинот Stars, Ксенија Фишер. Дистанцирана од својата фамилија, таа живее во мал и убав стан со својот дечко Тео, кој работи како диџеј. Марко Марушиќ е пак познат фудбалер од загрепски фудбалски клуб, чија девојка е манекенка и џет сетерка, препотентната Маја Жупан. Марко во детството останал без татко, кој загинал во собраќајна несреќа, со што ја оставил неговата мајка Марија, вдовица. Наскоро, во клубот доаѓа нов тренер, Петар Малек, кој е многу поврзан со Марко, и несреќата на неговиот татко, како и Франко Фишер и Владо Цукиќ, татко на најголемиот соперник на Марко, фудбалерот Огнен. Наскоро, Марко почнува да чувствува спрема Нина нешто поголемо... но, ќе го промени ли мислењето кога ќе дознае дека таткото на Нина е еден од осомничените за смртта на неговиот татко?

Улоги Глумци ЛиковиФилип Јуричиќ Марко МарушиќИва Висковиќ Нина РадиќЈелена Велјача Маја ЖупанНенад Стојменовиќ Огнен Цукиќ (Цуки)Ксенија Пајиќ Ксенија ФишерЗијад Грачиќ Франко Фишер (Френки)

Љубов во Офсајд на Балканот Македонија: Канал 5 Телевизија Србија: Пинк Телевизија Босна и Херцеговина: Пинк БХ Хрватска: ХРТ Црна Гора: Пинк М

Надворешни врски Официјално мрежно место Хрватска википедија

Категорија:Хрватски телевизиски серии Категорија:Теленовели