Кајл Вокер-Питерс (роден на 13 април 1997 година во Лондон) — англиски фудбалер, играч од одбраната на .

Биографија Роден е и израснал во Лондон, во областа Едмонтон, општина Енфилд.

Неговиот вујко Фил, исто така, е поранешен професионален фудбалер.

Технички одлики Својата кариера ја започнал како офанзивен играч за врска, пред да биде преместен во улогата на десен бек;Who is Kyle Walker-Peters? The Tottenham wonderkid set to replace Kyle Walker for the right-back role thesun.comKyle Walker-Peters: Five things to know about Tottenham's right-back espnfc.com исто така, може да игра и како лев бек, каде многу често бил користен од менаџерот на Саутхемптон, Ралф Хазенхутл, за време на сезоната 2021-2022, по пристигнувањето во клубот на Валентино Ливраменто.

Се одликува со голема брзина, одлична контрола на топката и добри физички предиспозиции. Исто така, има добар центаршут и способност да дава широчина на нападот на својата екипа.

Клупска кариера Тотенхем Израснат во младинскиот сектор на , клуб за кој отсекогаш навивал,Kyle Walker-Peters 'over the moon' after signing new Tottenham contract standard.com своето деби за првиот тим на Спарс го направил на 13 август 2017, во победата со 0-2 против , презентирајќи многу силен перформанс по што бил прогласен за играч на натпреварот.Newcastle 0-2 Tottenham: Dele Alli, Ben Davies on target as Jonjo Shelvey sees red skysports.com На 28 февруари 2018, тој го постигнал својот прв гол за Тотенхем во победата со 6-1 над Рочдејл во ФА купот, реализирајќи го последниот гол во натпреварот.Tottenham-Rochdale 6-1 bbc.com

На 14 мај 2018, го продолжил својот договор со Тотенхем до 2021 година.NEW DEAL FOR WALKER-PETERS tottenhamhotspur.com На 11 декември 2018, Вокер-Питерс дебитирал во Лигата на шампионите во натпреварот од групната фаза на гости против Барселона; иако направил грешка што довела до гол за Барселона, тој се претставил одлично и изблокирал еден шут спасувајќи сигурен гол во второто полувреме. Натпреварот завршил 1–1, што му било доволно на Тотенхем да се квалификува за нокаут фазата заедно со своите противници. На 26 декември истата година, тој забележал три асистенции, во победата со 5-0 над во Премиер лигата.

Саутхемптон На 29 јануари 2020 година, Вокер-Петерс бил проследен на позајмица до крајот на сезоната во Саутхемптон, каде требало да го замени Седрик Соарес. Своето деби за Светците, го направил на 15 февруари 2020, во поразот на домашен терен од Барнли. До крајот на сезоната, тој одиграл вкупно 10 натпревари прикажувајќи добра форма, со што го убедил раководството на клубот од јужниот брег да го откупи од Тотенхем за 12 милиони фунти. Тоа се случило на 11 август 2020, а Вокер-Питерс потпишал договор на пет години.

Својот прв гол за Саутхемптон го постигнал на 25 август 2021, во победата со 8-0 на гостувањето кај нисколигашот Њупорт Каунти во Лига купот. На 22 јануари 2022, го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во својата кариера во ремито 1–1 против Манчестер Сити.

Репрезентативна кариера Вокер-Питерс играл за четири младински репрезентации на Англија: под 18, под 19, под 20 и под 21 година.

Во 2017 година, тој бил дел од репрезентацијата на Англија под 20 години водена од Пол Симпсон која настапила на Светското првенство за играчи под 20 години 2017 во Јужна Кореја. Тој забележал пет настапи на турнирот, вклучувајќи го и настапот во финалето против Венецуела, придонесувајќи за првата титула на англичаните на некое репрезентативно натпреварување уште од 1966 година.

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 12 март 2021.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2016-2017 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 0 0 2017-2018 ПЛ 3 0 ФАКуп+ЛК 4+1 1+0 ЛШ 1 0 - - - 9 1 2018-2019 ПЛ 6 0 ФАКуп+ЛК 2+1 0 ЛШ 1 0 - - - 10 0 2019-јан. 2020 ПЛ 3 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 ЛШ 1 0 - - - 5 0Вкупно Тотенхем 12 0 9 1 3 0 - - 24 1 јан.-јун. 2020 ПЛ 10 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 10 0 2020-2021 ПЛ 30 0 ФАКуп+ЛК 4+1 0 - - - - - - 35 0 2021-2022 ПЛ 22 1 ФАКуп+ЛК 2+2 1+1 - - - - - - 26 3Вкупно Саутхемтпон 62 1 9 2 - - - - 71 3Вкупно во кариерата 74 1 18 3 3 0 - - 95 4

Титули Светско првенство за играчи под 20 години : 1 Јужна Кореја 2017

Наводи

Надворешни врски

Кајл Вокер-Питерс на soccerway Кајл Вокер-Питерс на transfermarkt Кајл Вокер-Питерс на espn Кајл Вокер-Питерс на whoscored

Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Фудбалери на ФК Саутхемптон Категорија:Фудбалери на ФК Вест Хем Јунајтед Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Родени во 1997 година