Кулата на Дајбабска Гора () ― контролна кула со радиоспектар, сместена на Дајбабска Гора, рид во јужниот дел на Подгорица, Црна Гора. Висока е 55 метри, а набргу по нејзиното отворање станала едно од најпопуларните знаменитости и атракции за посетители на градот.
Изградба Кулата била изградена од Агенцијата за електронски комуникации и поштенски услуги на Црна Гора во период од 3 години, од 2008 до 2011 година. Целиот проект бил проследен со контроверзии, најмногу во однос на трошоците за изградба на околу 5 милиони евра. Службено била отворена на 15 октомври 2011 година.
Наводи
Надворешни врски
Воздушен поглед на кулата
Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Појавено во 2011 година во Црна Гора Категорија:Кули изградени во 2011 година Категорија:Кули во Црна Гора Категорија:Туристички атракции во Подгорица