Ана Ивановска е македонска сликарка.

Биографија Родена е во Скопје во 1982 година. Во 2006 дипломирала на Факултет за ликовни уметности, Скопје, сликарски оддел со насока конзервација и реставрација во класата на проф. м-р Благоја Маневски. Во 2007 завршила Педагошки оддел на Факултет за ликовни уметности, Скопје. Во 2011 магистрирала на Факултет за ликовни уметности, Скопје во класата на проф. м-р Благоја Маневски. Со стекнат научно уметнички степен — магистер по ликовни уметности од област сликарство на тема: Света геометрија. Од 2006 год. член е на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ). Во соработка со неколку колеги таа е еден од основачите на уметничката група и истоимениот уметнички културно-алтернативен центар Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т. (2009 — 2011 год.) во Скопје. Во 2012 година станува дел од седумчлената уметничка женска група „МОМИ“ која сè уште делува со нови креативни проекти на македонската ликовна сцена.

Самостојни изложби Имала многу уметнички самостојни изложби:

2023 Скопје, Р.С. Македонија, Младински културен центар, „Регенерација“ ( изложба со Христина Зафировска и Маја Кировска, куратор – Горјан Ѓорѓиев 2023 Штип, Р.С. Македонија, НУ Центар за култура „Ацо Шопов“, „Гумено време“ 2023 Кичево, Р.С. Македонија, НУ Центар за култура „Кочо Рацин“, „Ехо“, куратор – д-р Кирил Пенушлиски 2022 Њујорк, САД, MC Gallery, „Под кожа“ 2020 Скопје, Р.С. Македонија, „CreArt 2020“ изложба со Ирене Тамањоне (Џенова, Италија), CreArt (Креативна европска програма) во организација на град Скопје и Културно информативен центар (КИЦ) 2018 Бои и апстракција, изложба со Христина Зафировска и Геновева Качуркова, куратор – Карел Кингсли, Концепт 37, Скопје, Македонија 2018 Славејќи ја бесконечноста, во организација на Јован Балов, Прима Центар Берлин,Германија 2017 Почеток без крај, (изложба со Ангел Миов), во организација на НУ Музеј Куманово во соработка со ЗПРУ Кибер Панк Куманово, Уметничка галерија — Куманово, Куманово, Македонија 2015 Времелов, Н.У. Центар за култура „Кочо Рацин“, Кичево, Македонија 2014 Славејќи ја бесконечноста, изложба во организација на Амбасадата на Р Македонија во Париз, галерија на Амбасада на Р Македонија, Париз, Франција 2014 Ајде да летаме со магичното килимче, НУЦК „Марко Цепенков“, Прилеп, Македонија 2014 Ајде да летаме со магичното килимче, Културно информативен центар (КИЦ), Скопје, Македонија 2012 Универзуми во универзум, изложба на 3 уметници “Before Is Yet to Come”, Гем клуб, Скопје, Македонија 2011 Света геометрија, магистерски труд, Национална галерија на Македонија, објект Чифте Амам, Скопје, Македонија 2010 Сонце (видео проекција), мултимедијален арт фестивал „Бош“, кафе бар „У“, Гевгелија, Македонија 2009 Видео проект, куратор — Горазд Поповски, MC Gallery, Њујорк, САД 2009 Сонце, (интервенција во јавен простор), дел од проектот „Скопски урбани приказни“ во организација на Скопско лето и ДЛУМ, куратор — Маја Чанкуловска-Михајловска, плоштад Македонија, Скопје, Македонија 2008 Тунел, Музеј на град Скопје, Скопје, Македонија 2008 Тунел — архетипски слики, Национална галерија — Куманово, Македонија 2007 Тунел, куратор — Зорица Лојпур Богдановски, Младински културен центар (МКЦ), Скопје, Македонија

Групни изложби Ана Ивановска учествувала на бројни изложби меѓу кои: 2020 Изолација, интернационална онлајн изложба организирана од View Art Gallery, Бристол, Велика Британија 2020 Светски ден на уметноста, 568 години од Леонардо Да Винчи, интернационална онлајн изложба, куратор – Јана Винценцова, Чешка 2020 Будење, интернационална изложба во склоп на фестивалот „Вечери на женските права“, куратор – Шкипе Мехмети, Младинки културен центар (МКЦ), Скопје, Р.С. Македонија 2019 Годишна изложба на ДЛУМ, Национална галерија на Македонија – објект Мала Станица, Скопје, Р.С. Македонија 2019 Мал формат, изложба на ДЛУМ на манифестацијата „Бела ноќ“, Културно информативен центар (КИЦ), Скопје, Р.С. Македонија 2019 Заедништво, проект на Швајцарскиот културен фонд Албанија (SCFA) имплементиран од Галерија Кало, куратор – Идлир Кока, Галерија Кало, Тирана, Албанија

Наводи

Категорија:Македонски сликари Категорија:Луѓе од Скопје