Кетрин Андрас (1775–1860) била англиска вајарка најпозната по нејзините восочни модели. Таа била активна како уметник вајар до 1855 година, а потоа, по пет години, починала во Лондон во 1860 година.

Живот Андрас е родена во Бристол и почнала да создава восочни модели, додека работела во продавница за играчки. Била сираче на рана возраст, но таа подоцна била посвоена од сликарот на минијатурни дела Роберт Бауер и неговата сопруга во 1799 година. Таа се преселила во Лондон и работела во Историската галерија, пред да се пресели на улицата Грејт Тичфилд. Таа подоцна се вратила во Пал Мол.

Работа со моделирање на восок Андрас како вајарка, уметник, изложувала во Лондон на Кралската академија на уметностите од 1799 до 1824 година. Во 1802 година била назначена за специјален моделар со восок, кој ќе работи за кралицата Шарлот. Таа била наградена со „Голема сребрена палета“ од Друштвото за поттикнување на уметностите, производство и трговија за нејзиниот модел на принцезата Шарлот и портретот на Лорд Нелсон.Lord Nelson Wax Portrait at the V&A По смртта на лордот Нелсон, толпи луѓе кои ја посетувале катедралата Свети Павле, дошле за да го посетат и нејзиниот гроб. Вестминстерската опатија и наложила на Андрас да создаде восочен лик за црквата во обид да ја привлече толпата.

Делата на Андрас исто така биле изложени и во Британскиот музеј, Националната галерија на Ирска и Метрополитен музејот на уметноста.

Избрани уметнички дела

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Англиски вајари Категорија:Починати во 1860 година Категорија:Родени во 1775 година Категорија:19ти-век Британски жени уметнички Категорија:Жени