ФК Виљареал — шпански фудбалски клуб од Виљареал, областа Валенсија. Моментално се натпреварува во Примера Дивисион, првото ниво на шпанскиот фудбал.
Основан во 1942 година, клубот поминал голем дел од својата историја во пониските дивизии на шпанскиот фудбал, а своето деби во Примера Дивисон го имал дури во 1998 година. Во 21 век, Виљареал стекнал стабилност на стандарден прволигаш, задржувајќи се во најсилната шпанска лига во 21 од 22 сезони почнувајќи од 2000 година.
На почетокот од 2000-тите, клубот дебитирал во европските натпреварувања, играјќи во Интертото купот во 2002 година, а својот прв настап во Лигата на шампионите го имал во 2005 година. Во истиот период клубот учествувал и во Лига Европа, но испаѓањето во 2012 година, ставило крај на нивната серија на редовни учества во Европа. Својот најголем успех во клупската историја, Виљареал го остварил во 2021 година со освојувањето на Лига Европа совладувајќи го Манчестер Јунајтед во финалето.
Своите домашни натпревари Виљареал ги игра на Стадион де ла Керамика, кој има капацитет од 23,500 седечки места. Традиционалната опрема е во целосно жолта боја (жолти дресови и шорцеви), а оттаму доаѓа и прекарот на клубот Жолта Подморница.
Играчи Моментален состав
Титули Домашни Терсера Дивисион : 1 1969-1970
Меѓународни Интертото куп : 2 (рекорд изедначен со Хамбургер, Шалке 04 и Штутгарт) 2003, 2004
Лига Европа : 1 2020-2021
Останати пласмани Примера Дивисион: Второ место: 2007-2008 Трето место: 2004-2005
Сегунда Дивисион: Второ место: 2012-2013 Трето место: 1999-2000
Сегунда Дивисион Б: Второ место: 1987-1988 (група IV), 1991-1992 (група III)
Терсера Дивисион: Второ место: 1990-1991 Трето место: 1967-1968, 1986-1987
Куп на Шпанија Полуфиналист: 2014-2015
Лига на шампиони Полуфиналист: 2005-2006
Куп на УЕФА/Лига Европа Полуфиналист: 2003-2004, 2010-2011, 2015-2016
УЕФА Интертото куп Финалист: 2002, 2006
Суперкуп на УЕФА Финалист: 2021
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место
Виљареал