Прдловец — населба од римското време во атарот на селото Подлес, Македонија. На 2,5 километри југоисточно од селото, на површина од околу 4 хектара се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. Во 1952 година Народниот музеј од Велес откупил мала мермерна статуетка на богот Асклепиј од ова наоѓалиште.
Поврзано Лозје — осамен наод од римско време; Ридот — некропола од римско време; Селиште — населба од римско време; Подлес; и Список на археолошки наоѓалишта во Велешко.
Наводи
Категорија:Подлес