Стара Црква — археолошко наоѓалиште во селото Извор во Општина Чашка. Претставува населба и некропола од римското време и средновековна црква.

Местоположба Стара Црква се наоѓа на околу 800 метри источно од селото, на блага падина што се спушта кон реката.

Ископувања и наоди На површина на падината се гледаат камени плочи од гробни конструкции, фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. Во средишниот дел на локалитетот има остатоци од еднокорабна црква со вградени сполии од мермерна архитектонска пластика. Од овој локалитет потекнува и надгробен споменик кој се чува во Музејот на Македонија во Скопје.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Велешко

Наводи