Згради на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп — управни згради во градот Прилеп, прогласени за културно наследство на Македонија. Во нив е сместен Заводот и музеј, кој се грижи за културно-историските добра на прилепскиот крај и изложува поставки во својот музејски простор.
Историја Зградите се наоѓаат на улица „Александар Македонски“ (старо име „Моша Пијаде“) бр. 142. Едната е изградена од 1939 до 1941 година, а другата во 1970 г. Првично ова била зградата на Општина Прилеп, а со изградбата на новата општинска зграда, тука е сместен Институтот и музеј.
Опис Едната зграда е приземна, со масивни уидови од тула и Дрвен повеќеводен покрив со ќерамиди. Се влегува непосредно од улица. Има голема внатрешна сала преку која која се влегува во изложбениот простор, библиотеката и една канцеларија.
Втората зграда се состои од приземје и кат. Изградена е исто така од полна тула и има дрвен покрив со ќерамиди. Влезот е од задниот двор, а просториите се насочени кон север и запад, и се користат како депоа.
Во рамките на комплексот има и приземни објекти од тула со дрвен покрив и ќерамиди, сместени на југи запад. Тука исто така има депоа и канцеларии.
Градбите имаат украсни елементи фасадите и зачуван ритам на прозорците.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Прилеп
Наводи
Категорија:Згради и градби во Прилеп Категорија:Појавено во 1941 година во Македонија Категорија:Појавено во 1970 година во Македонија